ТВПАКЕТ: И Бритни ги сака "Ангелите"!
Додека нашите тинејџери хистерично ги бараат своите идоли, додека ги молат телевизиите да им ја откупат последната сезона од хит серијата "Ангели" и додека уредниците на истите тие телевизии не им обрнуваат нималку внимание, најголемата поп ѕвезда Britney Spears ги покани младите ѕвезди на својот концерт во Аргентина. Пејачката е очигледно добро информирана за популарноста што ја имаат "Ангелите" па затоа одлучила токму тие да бидат атракцијата која ќе се појави пред почетокот на нејзиниот концерт што ќе се одржи на дваесетти ноември на стадионот "Unico de la Plata".
Тинејџерите во Македонија сеуште ја чекаат четвртата сезона од хит серијата "Casi Angeles", жалосно и сурово е тоа што никој не обрнува внимание на нив!


0 коментари: