СИНОПСИС
СИНОПСИС
Од своето потекло, човечката раса шета по планетата градејќи и уништувајќи со ист интензитет. Во последните декади, човечките суштества за кратко време постигнаа големи напредоци во науката и технологијата. Поради тоа, луѓето се оддалечија едни од други, толку што заборавија кои се и зошто се на Земјата. На коренот на заборавот, на крајот на 2012 година, човештвото започна одбројување од 105 дена и кое води до уништување или повторно раѓање.
Иднината на Земјата зависи од шест млади луѓе: Ноа (Питер Ланзани), Азул (Ориана Сабатини), Маја (Мариел Перкоси), Мануел (Агустин Бернаскони), Франко (Хулијан Серано) и Валентин (Хоакин Очоа). Сите тие имаат нешто заедничко: моќни се колку и маргинални, атрактивни колку изгубени, револуционерни колку насилни и толку оддалечени колку поврзани. Со помош на Неа, овие млади луѓе ќе бидат придружувани од суштества на Светлината: Ијан (Пабло Мартинез), Венеција (Џени Мартинез), Инти (Николас Франчеља), Амбар (Лола Моран), Луз (Ориана Сабатини), Деви (Каролина Доменех) и Гопал (Макси Еспиндола). Сите тие, потекнуваат од различни делови од Универзумот со цел да се претворат во сојузници на овие млади луѓе и да им помогнат во остварувањето на "проектот за човештвото".
0 коментари: