Часот на планетата Земја

Како дел од проектот “Часот на планетата Земја“ утре од 20:30 часот ќе бидат исклучени светилките во целиот свет, со цел намалување на емисијата на CO2 во атмосферата и привлекување на внимание против глобалното затоплување. По локално време, во мрак ќе бидат најпознатите светски градби: Операта во Сиднеј, Ајфеловата кула во Париз, Христос Спасителот во Рио де Женеиро и многу други. Оваа година дел од акцијата ќе бидат повеќе од шест илјади градови во 134 држави.
GPTM Production ќе организира едночасовен онлајн концерт на кој ќе настапува групата "Проблем солвед". Концертот можете да го следите на фејсбук страницата на продукцијата.
Во Аргентина, во оваа акција се приклучија и Лали Еспосито, како и тимот на серијата "Los Unicos".



0 коментари: