ДВА СВЕТА - ЕПИЗОДА 3: ЛЕБДЕЈЌИ ВО ВОЗДУХОТ

претходни епизоди:


ЕПИЗОДА 3: ЛЕБДЕЈЌИ ВО ВОЗДУХОТ
Оff: Тијаго
Од претходната епизода:
Хустина: Мој господине, донесов нешто што ќе ви се допадне!
Барто: Ах, Тина...зарем толку брзо ќаривте нешто?
Хустина: Не, господине. Имаме нова девојка во вилата.
-----
Во Бразил.
..
Нико: Могли, стигнавме!
Могли: Да, Одамон!
Нико: Еудамон, Могли! Конечно трага!
Кристобал: (излегува од ранецот на Могли) Честитки, тато!

Утредента. Хустина и дечките се во трпезаријата.
Хустина: Сите да доручкувате, и марррш во училницата.
Доаѓа Барто...
Барто: Тини, дојди во библиотеката, треба да разговараме.
Хустина: Да, господине! А вие! Завршете го појадокот и направете како што кажав.
Во библиотеката...
Хустина: Господине, што се случило?
Бартоломе: Хустина, Тијаго побегнал од училиштето во Лондон.
Хустина: Што? Но, како можело да се случи тоа?
Бартоломе: Глупаци! Не можат да внимаваат на едно... дете!
Хустина: И, сега што ќе правиме?
Бартоломе: Штом избегал, најверојатно ќе дојде кај нас. Но, тоа ќе биде проблем за нашата зделка. Затоа, Тини, овие денови внимавај. Не прави нешто што не треба. Сакам се да биде во ред.
Хустина: Да, господине!
Бартоломе: Во ред, оди сега.
Во меѓувреме, Тијаго патува во авион...
Оff (Тијаго): Кога незнаеш каде одиш, секој пат може да послужи. Страв ти е да тргнеш. Страв ти е да се вратиш. Прашањата, одговорите те плашат. Кога незнаеш каде одиш, најдобро е да оставиш да те носи ветрот, лебдејќи во воздухот.
-----
Нико се вози во својот џип, кога наеднаш налетува на една девојка на патот.
Нико: Пази, каде одиш...
(се гледаат и Нико излегува од џипот)
Нико: Како се викаш?
Сиело: Сие... како се осмелувате! Ќе настрадав за малку!!!
Нико: Што? Сега јас сум крив? Вие ја поминувате улицата без да гледате.
Сиело: Знаеш, подобро да си одиш. Редица од автомобили чекаат.
Нико: Добро, штом така сакаш, убавице. (Го паркира џипот и ја следи.)
Сиело: Зошто ме следиш?
Нико: Бидејќи сакам да разговарам со тебе.
Сиело: Така? И во врска со што?
Нико: Да одиме во барот од спротива.
Во вилата се слушаат чудни звуци.
Барто:  Хустина, што е тоа?
Хустина: (збунета)  Незнам, господине.
Барто: Од и провери. Сигурно е покривот, стар е.
Во градината. Рама седи на клупата, а Тачо и Љека ги наводнуваат цвеќињата. Доаѓа Алели...
Алели: Рама, ми рече дека денес ќе разговараме.
Рама: Да, малечка...
Алели: Рама, јас сакам да ја видам мајка ми.
Рама: Зборувавме веќе за тоа. Кога ќе собереме пари ќе одиме да ја видиме.
Алели: Но, ако Барто и Тина не ни дозволат?
Рама: Не грижи се за тоа.

Тачо и Љека разговараат...
Тачо: Знаеш, малку ми е чудна новата.
Љека: Маријанела? Ах, што има да ја направам...
Тачо: Ееј! Велам некако е чудна, оди натаму-наваму.
Љека: Јака е малата.
Доаѓа Малвина...
Малвина: Хааај, дечки. Го видовте Најки?
Љека му намигнува на Тачо, а тој ја полева Малвина со вода.
Малвина: Ааа! Што ми направивте? Ааа, Бартиии!
Тачо и Љека се смејат.
Тијаго пристигнува во градот. Истовремено, Маријанела трча и се судираат, по што паѓаат на земја еден врз друг.
Тијаго: Која си ти?
Оff (Тијаго): Ветрот понекогаш носи со себе се, но понекогаш донесува. Ветрот може да не однесе на неочекувани места или да не однесе кај неочекувани лица. Лебдејќи во ветрот, одиме каде што треба.



0 коментари: