Ангелчињата се збогуваат!

Збогувањето на групата започнува на 27 март со излегувањето на ЦД-то со најновата песна, односно химна на групата наречена "Baja el telon" (Спушти ја завесата) која ќе излезе во списанието "Caras". Сите од Македонија кои сакаат да го добијат ова ЦД со песната како и списанието можете да се обратите на следниот е-маил: teens-store@hotmail.com Порачката ќе ве чини малку повеќе од нормалната цена во Аргентина + трошоци по пошта. Цената сеуште не е одредена, но ќе биде потврдена во понеделник или вторник. (Ако сакате да резервирате обратете се со порака на горенаведениот е-маил. ВАЖНО: Пишувајте на шпански јазик). Освен тоа, групата ќе одржи шоу и во театарот Гран Рекс на 16 и 17 јуни годинава. На овој начин, групата се враќа на сцената за да каже збогум на публиката, бидејќи после 6 години ја спуштаат завесата, како што вели и нивниот следен хит.

0 коментари: