Нико и Рочи се во врска? Силвина: Нема криза
Оваа недела имаа жешка сцена во "Dulce amor" и наводно Силвина Ескудеро се налутила. Што се случува помеѓу Нико и Рочи? Изгледа дека игрите од серијата можат да се префрлат во вистинскиот живот, со што Силвина изглегува од игра.
Станаа поинтимни, а според списанието "Paparazzi" продолжуваат со своите долги разговори и надвор од снимањата.
"Љубомора, изневерување? и криза" е насловот на насловната страница на списанието "Paparazzi".
"Нема врска, не сме раздвоени и нема криза. Впрочем, бевме заедно на венчавката на Росио Гуирао Диаз и останавме подолго од останатите" - вели Силвина.
Рочи изјави: "Нико ми е речиси брат. Силвина никогаш не ми побара да не се доближувам толку до него. Нико е доверлив и еден од оние што ме поддржуваат во работата".

0 коментари: