РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (10 ДЕЛ)


РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 10 ДЕЛ -


претходни делови:


Денот кога наполни 14 години, Мариjанела знаеше дека нема да порасне уште многу повеќе од висината која ја имаше достигнато. Гледаше со вознемиреност како сите нејзини другарки и другари од сиропиталиштето растеа нормално. Но таа не растеше. И веќе знаеше-беше сигурна-никогаш нема да биде висока. Наместо да има комплекси и да се самосожалува, таа стори нешто што ја спаси. Почна да се смее на самата себе, иако Мариjанела никогаш не се смееше. Се смееше на својот мал раст, на својата несмасност, на својот чуден речник. Се смееше многу и таа смеа ја спаси. Иако немаше мотиви да се смее, се смееше. Знаеше дека е оставена во парохијата во која живееше првите години од својот живот. Низ магла се сеќаваше на свештеникот и на некоја нежност, па се однесуваше со почит кон него. Но еден ден тој исчезна и таа мораше да си замине. На четири годишна возраст отиде за прв пат во сиропиталиште. Тоа и беше прво сиропиталиште, но не и последно. Од четири години до четиринаесет таа промени осум сиропиталишта. Или ќе ја избркаа или ќе избегаше. Мариjанела стана непријатна ситна мравка полна со енергија. Затоа Мариjанела сите ја почитуваа. А ако некој случајно не ја почитуваше, таа се претвораше во опасна противничка способна да тепа и да се брани. Ја болеше многу нејзината осаменост, постапката за напуштени што мораше да ја трпи; ја болеше толку многу нељубовта, тоа што е налутена. Бесна на светот. И маваше. Тажна. Нечесна. Немаше мотив за да се смее. И имаа кажано многу пати дека е лошо девојче, па на крај дури и поверува. Се имаше убедено дека има ужасна насмевка. И затоа секој пат кога нешто ќе ја насмееше си ја покриваше устата. Едно мартoвско утро директорот на сиропатилиштето во кое живееше, им нареди на сите да се облечат во својата најдобра облека и да се исчешлаат. Во институцијата ќе дојде еден важен човек. Еден светец што ќе посвои некој од нив и ќе го однесе во неговата прекрасна фондација. Маријанела не веруваше во чуда. Знаеше дека не постојат чесни луѓе, и уште помалку светци. Ни прекрасни фондации. А и да постоеја, беше убедена дека никогаш нема да ја одберат нејзе. Но без разлика на тоа, таа мораше да се облече во својата најдобра облека, да проба да ја среди косата, и да се престави во трепезаријата. Кога влегуваше, едно дете што секогаш и сметаше сакаше да и залепи мастика во нејзината сплеткана коса. Таа го предупреди, му ја фати раката и го сврти. Се впуштија во една тепачка во која Маријанела победи, бидејќи веќе се бореше подобро од некое машко. И така ја запозна Бартоломе Бедожа Агуеро, кој гледајќи ја толку малечка, толку непослушна, борец, бунтовна, не се мислеше ни во еден момент.  -Таа! Таа е избраната! Маријанела го гледаше во недоверба. Исто така погледна во ужасната жена со него, облечена стрикно во црно, со марамата, што ја гледаше со огромните очи, како од хорор филм. Маријанела научи дека не треба да се плаши од ништо, барем, дa не го покажува тоа. Од таа причина безстрашно праша: — Кои се овие? —твоето ново семејство, мила. Твоето ново семејство -рече Бартоломе со мала насмевка. По еден час, Маријанела пробуваше две нешта кои никогаш ги немаше преживеано: патуваше со автомобил и беше во куќа со греење,

—Живееш во облаци! Секогаш си на Месечината! — го прекоруваше Бартоломе Тијаго, неговиот единствен син, секогаш кога малкуте пати кога одеше да го земе од училиште, патот беше еден долг монолог на обвинуваша од таткото кон синот. На само девет години, Тијаго научи да се исклучи кога ова ќе се појавеше. Едвај го избегнуваше неговиот поглед, и гледаше преку прозорецот. Одеше, ментално, во својот свет, таму каде што имаше еден среќен живот. Како што велеше татко му, Тијаго беше дете искачено на Месечината. Бартоломе бараше многу од него, и го караше за сѐ: затоа што не ја чувал униформата, затоа што извадил слаба оцена, затоа што на пријателите им кажал за својата стипендија во престижното и ретко училиште “Рокланд”, затоа што се дружел со сиромашните, затоа што не е другар со најбогатите, затоа што не го донесол дома синот на Перез Алсаменди, затоа што свирел гитара по цел ден.
Единствено непознато во животот на Тијаго беше Орнеља, неговата мајка. Денот се осветлуваше кога се враќаше дома и го чекаа со оброк. Mу се допаѓаше бавно да јаде тостови со путер, одолжувајќи додека да се олади топлото чоколадо, додека ѝ раскажуваше каков му бил денот на училиште, што и рекол на девојката, што му се допаѓа или споделил нова песна која ја свирел на својата гитара. Орнеља го слушаше со многу внимание, како сето тоа што и го кажуваше беше многу важно. И тоа беше. И Орнеља тоа го знаеше. Еден зимски ден, додека се враќаше од училиште, Тијаго заклучи дека викотниците на татко му имаат поразличен тон. Го укоруваше за исти работи од секогаш, но имаше нешто поразлично во него: солзи во неговите очи. Бартоломе не плачеше, секако дека не, затоа што правеше големи напори за да не дозволи да му потечат солзи. Кога пристигна во куќата, забележа дека мајка му не е тука, ниту оброкот. Единственото објаснување што го даде Бартоломе беше: -Мајка ти нѐ напушти. Не сакам плачење и бес, биди маж еднаш! Нека не ти недостасува, не го заслужува тоа -и се затвори во својата работна соба. Светот на Тијаго се сруши на милиони парчиња. Беше невозможно мајка му да го напушти. Немаше смисла, беше апсурдно. Но деновите минуваа, и Орнеља не се врати, ниту се јави.

0 коментари: