РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (12 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 12 ДЕЛ -
Николас Бауер беше единствениот син на
докторот Андрес Енеас Бауер и Берта Гох. Израснат уште од мал како возрасен, се
претвори во возрасно дете. Николас никогаш не знаеше да каже не. Не знаеше да и
каже не на Берта кога го шишаше, ни кога го облекуваше во бермуди и пуловери.
Не знаеше да му каже не на својот татко кога постојано го носеше во
Археолошкиот Музеј. Никогаш не можеше да каже не на својата мајка која се
препушти на депресијата кога почина неговиот татко. Опседнат и паднат во
делириум, докторот Бауер умре во еден стар распаднат брод, следејќи лажна трага
која ќе го донесе до Еудамон. Берта сакаше да ја избегне таа судбина за својот
син набедувајќи го тргне по друг пат. Да се запише на медицина. Николас не
можеше да и каже не, ниту пак да и признае дека тајно изучуваше археологија.
Берта се плашеше дека нејзиниот син исто така ќе се опседне со лудата идеја да
го најде островот Еудамон. Мистичен остров створен од племето пруниос, чие
барање го измори докторот Бауер и му донесе исмевање во археолошкиот центар. Не
можеше да и рече не и на Карла, експлозивната и убава девојка која ја запозна
на факултет. Карла беше убава. страствена... и слободна. Играше со него, не се
врзуваше за ништо и никого. Николас знаеше дека треба да се одалечи од нејзе, дека
е отров кој малку по малку ќе почне да го конзумира. Но таа не го пушташе, го
имаше врзано со невидливо јаже, го оддалечуваше и го доближуваше, но никогаш не
го пушташе. А тој не знаеше како да и рече не. Не можеше да и речи не дури и
кога замина со Маркос Ибарлусија, човек кој тој не го познаваше лично, но
знаеше дека е дилер на археолошки остатоци, најлошиот вид на криминал за
Николас. Не можеше да и рече не дури и кога Карла се врати во неговие прегратки,
бремена и напуштена. Тој ја дочека без никакви прекорувања, и едно време
замисли еден заеднички живот, иднина, семејство. Немаше кога да и рече да не си
оди, денот кога се разбуди со едно писмо во кое таа објаснуваше како неможе да
се врзи за ништо. А дете е нешто за кое се врзува многу. Ги напушти, него и
Критобал, синот на Карла и Маркос Ибарлусија, кого Николас ќе одгледа како свој
син. И тогаш сѐ се промени. Да се биде татко го направи возрасен одеднаш, како
да го имаат турнато во смрзнато езеро, се разбуди и престана да биде детето кое
не знаеше да каже не. Ја остави медицинската кариера, и се посвети на
завршување на неговиот докторат за археологија. Сметаше на помошта не неговиот
верен другар Могли, дивјак од племето захори, на кој Николас му го имаше
спасено животот при една експедиција во Африка. Во согласност со културата,
Могли му должи лојалност и услуга на својот спасител, и затоа совесно го
следеше. Николас не го прифаќаше тоа, и го гледаше како негов пријател. Така
формираа едно чудно семејство: еден тукушто докториран млад археолог, еден
дивјак што зборуваше на чуден шпански јазик и малиот Кристобал кој растеше во
среќа, во свет на патувања, експедиции, лавови и мумии. Животот на Николас
стана неочекувано среќен. Беше среќен гледајќи го Кристобал како расте, или
Кристобола како што го викаше Могли со неговиот чуден дијалект. Беше среќен од
неговиот професионален успех. И беше среќен поради неговота возбудлива потрага
по островот Еудамон. Но Кристобал растеше. Веќе имаше седум години и беше време
да се стабилизира, да има куќа, училиште; да се дружи и да фати корени. А,
најмногу, на Кристобал, му требаше мајка. Тогаш мораше да се откаже од својата
желба да патува, реши да се стабилизира. И да биде подготвен да си најде жена
за да створи семејство. И тукушто почна да размислува за тоа, се појави една
прекрасна жена која го заслепи. Се случи на една забава. Таа се приближи со
својата прекрасна насмевка, со тој прекрасен син фустан со кој правеше
прекрасни потези, како поле со пченица под светлината на месечината. И ѝ
зборуваше со глас на богато девојче. И зборуваше за пораки од телото,
комбинирани со чевли, но пред сѐ навлекуваше внимание со тоа што го кажуваше. Многу
поголемо беше изненадувањето кога, за малку денови, повторно се најде на
Азурниот брег. Размислуваше за судбината, размислуваше за знаците кои не
требаше да ги игнорира. Споделија неколку денови во прошетки, пораките од
телото и разговорите за тоа што беше невозможно да се комбинира месечината со
ленти. Николас беше воодушевен. Таа не беше интелигентна, но изгледаше забавна.
Беа една прекрасна комбинација. Таа беше убава, слатка и забавна. Тој беше
интелигентен, страствен и сонувач. Пред Николас да заврши со понудата да бидат
заедно, таа рече да. Со четири месеци во врска, сакаше да знае за нејзините
планови за во иднина; не заврши да ја прашува дали таа сонува да оформи
семејство, кога таа му одговори дека ќе прифати да се венча со него. Тој не зе
воздржа да и рече дека на Кристобал му треба мајка, кога таа му вети дека ќе му
биде мајка на Кристијансито со задоволство, иако кога го запозна не се сеќаваше
многу добро на неговото име. Речиси без да забележи, тој направи компромис. Ја
претстави својата девојка пред целото општество, а општеството беше важно, Малвина
беше Бедожа Агуеро и тие даваат многу значење на тоа. Кога го запозна Бартоломе,
Николас се вљуби во Малвина. Тој беше богат маж кој формирал фондација во
куќата која им дава дом, безбедност и образование на група сирачиња. Николас
дефинитивно знаеше дека тоа е неговото место.
Една трага на папирус која може да има прецизни податоци за локацијата на островот Еудамон го однесе во Маласин каде што замина со Могли и Кристобал.Во меѓувреме Малвина започна со организација на забавата по повод нејзината свршувачка со Николас. Иако зборот забава заедно со свршувачка малку го исплаши Николас, тој сепак се обидуваше да не мисли на тоа и продолжи во потрага по својот сон. На забавата се сети само кога откри дека трагата била погрешна и тогаш доби повик од Малвина за да види дали нејзиниот лет пристигнал навреме. Следниот ден веќе се знаеше сѐ за забавата. На 21 март 2007 Николас се врати во татковината, се облече во венецијански костим кој го избрала Малвина за него, го облече својот син, се обиде да му ја исчешла замрсената коса и потоа заедно отидоа во вилата Инчаусти. Имаше дојдено часот да ја спушти главата и да се сврши. Имаше дојдено времето да каже да.
Една трага на папирус која може да има прецизни податоци за локацијата на островот Еудамон го однесе во Маласин каде што замина со Могли и Кристобал.Во меѓувреме Малвина започна со организација на забавата по повод нејзината свршувачка со Николас. Иако зборот забава заедно со свршувачка малку го исплаши Николас, тој сепак се обидуваше да не мисли на тоа и продолжи во потрага по својот сон. На забавата се сети само кога откри дека трагата била погрешна и тогаш доби повик од Малвина за да види дали нејзиниот лет пристигнал навреме. Следниот ден веќе се знаеше сѐ за забавата. На 21 март 2007 Николас се врати во татковината, се облече во венецијански костим кој го избрала Малвина за него, го облече својот син, се обиде да му ја исчешла замрсената коса и потоа заедно отидоа во вилата Инчаусти. Имаше дојдено часот да ја спушти главата и да се сврши. Имаше дојдено времето да каже да.

0 коментари: