РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (13 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 13 ДЕЛ -
Шокот не се случи кога ја напуштија во
шумата. Кога таа стигна во шумата, во таа бурна ноќ, веќе имаше амнезија. Тоа
што ја остави затвореничка во едно место без време во нејзината глава, беше смртта
на нејзината мајка. Анхелес Инчаусти трепереше во една темна соба од вилата на
баба ѝ. Во една соба, малку подотворена, нејзината мајка викаше и плачеше. Еден
чуден човек со кадрава коса, и една злокобна жена облечена во црно, со турбан и
огромни црни очи, беа покрај нејзината мајка. На крај, после едно време што и
се чинеше бесконечно, слушна една последна викотница од мајка и, и плач на едно
бебе. Ништо повеќе. Вратата се отвори после неколку минути. Жената го држеше
нејзиниот брат или сестра, не знаеше. И човекот и рече, без да ја гледа: -Мамичка
почина. Отиде во подобар живот. -Сака да каже дека умре -преведе жената
согледувајќи дека девојчето не сфаќаше. Тоа беше крајот. Тогаш заврши Анхелес
Инчаусти. Тоа што следеше беше како чуден сон. Како дрво во морето, тоа се поместува
од една страна на друга, без да знае каде е. Кога Бартоломе и Хустина ја
напуштија во шумата, таа ладна ноќна бура, таа веќе незнаеше која е. И исто
така не знаеше ниту следното утро, кога еден постар човек кој сечеше дрва во
шумата ја најде, тресејќи се до едно дрво. Човекот ја однесе во еден караван
каде живееше со својата жена. Беа сопственици на еден скромен циркус, Магичниот
циркус. Двајцата беа возрасни кои пред неколку години ја имаа загубено својата
единствена ќерка. Се сожалија со ова кутро девојче загубено во шумата, кое не
ни зборуваше. Не знаеше каде живеела ниту како и се викаат родителите. Ниту на
своето име не се сеќаваше. Аманда и Алдо Магико беа многу добри луѓе и секогаш
го правеа правилното, затоа пријавија во полиција, која востанови дека нема
ниту едно девојче кое го бараат во зоната. Ја објавија нејзнината слика во
дневните весници, но никој не ја препознаваше. Судот одлучи девојчето да
припадне на парот Магико, тие ќе и бидат нејзина фамилија. Аманда беше многу
добра и многу се грижеше за неа. Започнаа да ја викаат Сиело, љубезно, и она што се појави беше начин да ја
придобијат, со време се навикна на своето ново име. Така се роди Сиело Магико.
Изгледаше дека на Сиело не и недостига минатото. Не само што не се сеќаваше на
него, таа не се и трудеше да се сети. Единственото нешто што го имаше од
минатото беше една пластична бразлетна со чуден симбол. Се чувствуваше среќно
живеејќи таму. Беше миленичка на сите артисти во циркусот, го поминуваше целиот
ден во вагонот на џуџињата, сегокаш се враќаше со нова модринка од шаторот на
жонглерите или целата исцртана како кловновите. Но она што навистина ја
фасцинираше беа јажињата. Г-дин Пиер Морел, главниот на фамилијата во циркусот,
долго време не и дозволи на Сиело да се приближува на јажињата затоа што беше
опасно. "За да се качиш на јаже, мора да знаеш дека животот ти е во
опасност" -велеше. Поминуваа месеци и никој од нив не знаеше каде е
семејството на Сиело. Најпосле, судијата им даде старателство над малечката и
веќе можеше таа да добие документи. Сиело Магико веќе имаше идентитет. И така, ден
по ден, месец по месец, година по година Сиело израсна среќна во еден магичен
свет. Таму немаше многу животни од циркус, затоа што Магико не дозволуваше да
се користат како предмет за тестирање, но имаше опасни кучиња. Секој шатор
имаше две или три кучиња. Сиело им ги знаеше имињата на сите. Ги минуваше
своите денови со акробати, жонглери и танчери помеѓу гитари. Циркусот беше збир
на уметници од различни националности, но тоа што и ја разбуди љубопитноста на
Сиело беше чудниот начин на зборување. Беше кловн со кловновите, магионичар со
магионичарите и танчерка со танчерите, но единствено не можеше да се доближува
до јажињата. Можеби затоа се разви нејзината желба да оди по јажиња и да
одржува рамнотежа. Кога наполни 15 години, г-дин Морел отиде во нејзиниот шатор
и ѝ подари јаже. Тогаш и кажа дека ќе ја прифати како чирак. Сиело Магико почна
да ги прави своите први чекори на јаже. Прво почна од подот, а потоа ја
зголемуваа висината. Со голема вештина и елеганција, Сиело стана најдобриот
акробат на јаже што г-дин Морел некогаш го запознал во својот живот. Кога
наполни 18 години за прв пат сама ги изведе акробациите на јаже пред публика.
Се претворила во една прекрасна и исклучителна жена. И магичниот циркус беше
благословен со нова артистка. Сиело многу ги сакаше старите, како што таа ги
нарекуваше со голем ефект бракот што ја чуваше како своја ќерка. Веќе беа
големи, и се плашеа дека нема да можат да уживаат во наредните години. Кога
Сиело имаше 19 години, почина Алдо, и неколку месеци подоцна, Аманда, која
незнаеше да живее без него, Сиело остана сираче по втор пат. Но веќе беше добро
подготвена жена за животот, затоа беше една екилибриста, како што велеше г-дин
Морел. Без старите, циркусот почна да се распаѓа. Решението беше да се продаде,
за ништо, на едно претпријатие од сомнително потекло, кое ги одржуваше артистите,
но за разлика од нивните оргинални сопственици, беше експотатор. Малку по малку
артистите започнаа да си одат, и Сиело сфати дека се приближува моментот кога
ќе ја направат последната претстава. На крајот на март 2007 се збогуваше од
јажето од Магичниот циркус. Но еден несакан инцидент го забрза нејзиното заминување.
Беше во воздухот, можеше да се дише, можеше да се чувствува. Магијата и љубовта
дојдоа во вилата “Инчаусти”. На 21 март 2007 год. додека Маријанела за прв пат
беше во “Фондацијата ББ”, Николас Бауер на чекор од својата свршувачка, се
обидуваше да ја исчешла косата на Кристобал во собата во хотелот. Малвина
трчаше очајнички низ вилата завршувајќи ги подготовките за забавата. Рама, Љека
и Алели влегоа во “Магичниот Циркус” по наредба на Бартоломе, со намера да
крадат. Во истото време, Сиело ја забавуваше публиката со нејзините акробации, а
авионот со кој патуваше Тијаго слетуваше на пистата. Додека сето ова се
случуваше, како да ги обединуваше во една точка различните патишта, пред вилата
“Инчаусти” една мистериозна жена со руса коса го набљудуваше часовникот со
насмевка полна со надеж.

0 коментари: