РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (2 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 2 ДЕЛ -
Епизода 01
Палатата Инчаусти
Кога Бартоломе Бедожа Агуеро дозна дека неговата тетка Амелија го избркала својот роднина Карлос Марија од палатата Инчаусти, почуствува дека тоа беше решението за сите негови проблеми. Сите негови проблеми, всушност имаше само еден: дупката во која паднал откако го потрошил фамилијарното богатство. На неговиот татко му требаше многу време за да го зголеми фамилијарното богатсво на Бедожа Агуеро, а на Бартоломе му требаа само неколку години за до го потроши. Иако беше млад, веќе беше банкротиран аристократ, и затоа веста за бркањето на својот роднина за него беше добра шанса за да го врати загубеното богатство. Беше 10 Јануари 1986 и тој се задушуваше од топлината во малиот стан со две соби каде што живееше со својата помала сестра Малвина, кога дозна за веста.
Тоа што се случи беше скандал: сериозната Амалија Инчаусти имаше откриено дека нејзиниот син има романса со Алба, слугинката, и како производ од оваа љубов, таа останала бремена. Очигледно, не се работеше за една обична љубов; младиот Карлос Марија потврдуваше дека е заљубен во слугинката, и пред тоа, старицата веднаш го исфрли од семејната куќа и ги прекина сите врски со својот единствен син. Останувајќи вдовица, остана сосема сама. Во ова сценарио, Бартоломе се приближи веднаш до својата самица тетка, со намера да добие една услуга. Се облече во својата најдобра облека, беж, косата му беше потресена со изобилство на нежни кадрици, ја стави својата омилена шапка, во тон. Стави малку парфем, имитација на еден многу скап, потроши малку пари за омилените работи на својата тетка. Тогаш ја посети, по неколку години откако не се виделе, изрази искрено сочуство за она што се случило, и ја поддржа во ставот за одликата да го исчисти семејниот срам предизвикани од страна на непослужните Карлос Марија. Повторно ја посети следната сабота, и наредната, и наредната. И наскоро саботните посети се трансформираа во навика: пиеја чај и зборуваа за дрскоста на братучедот да се истрае да не и даде величенствено презиме на една обична слугинка. Амалија не сакаше ниту да слушне зборување за нејзиниот син ниту за слугинката, секако, ни за внукот кој ќе и го подарат. - Јас сум кутра вдовица без деца - горчливо изговори старата вдовица. Без деца не сте... Јас ве сакам како да сте ми мајка и сакајте ме како син. - молеше Бартоломе, мислејќи на милионите кои можеше да ги наследи од нејзе. За малку време почна да ја посетува по два или три пати во недела. Се претвори во нејзин исповедник. Подоцна почна да се занимава со нејзините работи и на крај успеаа да постигне да ги води нејзините сметки. Неговиот нос се наоѓаше меѓе даночните книги, кога неговата амбиција пронајде една огромна средина од богатството на Амалија Инчаусти. Во неговите сѐ почести посети, Бартоломе почна да забележува дека домаќинката, Хустина, која секогаш се облекуваше во црно и ја носеше косата фатен во турбан, го гледа со чуден поглед. Нејзините големи очи изразуваа нешто недвосмислено: љубов. Бартоломе го искористи тоа и ја доби нејзината доверба.
Беше убаво да имаш покрај себе некој кој потполно ти верува. Неколку месеци подоцна, на 12 Септември 1986, Амелија доби телеграма од својот син во кој пишуваше дека и се родила внука. Бартоломе се плашеше дека оваа вест ќе ја омекне старицата, но Амелија не сакаше ни да слушне за тоа копиле а уште помалку да го има нејзиното презиме. И повторно не сакаше да го види својот син, а уште помалку својота новородена внука. Малку по малку Бартоломе успеаа да го заменува местото на избрканиот син и тетка му да го сака како нејзин син. Надежта дека некој ден се ќе наследи сеуште беше со него. Еден ден го напушти двособниот стан каде што живееше со својата сестра и се пресели во палатата каде што не се зборуваше за неговиот роднина, ни за слугинката, ни за внуката. Како никогаш да не постоеја.
Добитникот на постер по пошта од вчерашната наградна игра е Ели Петрова.

0 коментари: