РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (3 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 3 ДЕЛ -
претходни делови:
ПРВ ДЕЛ
ВТОР ДЕЛ
Пет години подоцна од протерувањето на Карлос Марија, Бартоломе веќе беше господин во куќата. Хустина фантазираше во тајност за него и за тоа што ке прават заедно со сите тие милиони, но една ненајдена вест наеднаш прекина со нивните фантазии. -Се женам, де - рече многу лесно Бартоломе, како да кажа некаков коментар за времето -Моламмм??? - рече Хустина, која не го гледаше баш најдобро, отворајќи ги своите огромни црни очи. – Да, се женам - повтори Бартоломе, без да дава повеќе детали. И ја затвори темата со таква забрзаност, што ја натера на Хустина да се посомнева за што се всушност вистинските причини поради кои тој направил толку забрзана одлука. Нејзините стравови се потврдија седум месеци подоцна, кога Орнеља го роди нивното дете, кое го крстија Тијаго. Беше 24 август 1991 година. Тoа е крт на Инчаусти! - потврди Хустина кога го виде бебето кое, всушност имаше мала бемка на образот. Бартоломе беше Инчаусти од страна на мајка му. Венчавката на Бартоломе, и после раѓањето на неговиот син, многу ја налутија Хустина, чија опседнатост кон својот господар од час на час се повеќе се зголемуваше. Сепак таа остана верна на него и на неговите планови, и се согаси да ја посредува старата Амалија, која беше прикована за креветот многу години, и продолжи со апсолутна контрола над се што се случуваше во куќата. Хустина ја увери дека Орнеља е девојка од многу добра фамилија, и тетката Амалија беше крајно сигурна за идејата да живеат во нејзината куќа. Но и покрај тоа што се чинеше дека е, од денот кога дојде до денот кога си отиде, Орнеља ја имаше Хустина за најголем непријател.
Животот поминуваше без никакви вести, одреден период. Малечкиот Тијаго растеше среќен во куќата, додека пак љубовта на Хустина кон Бартоломе ја зголемуваше нејзината несреќа, а исто и нетрпеливоста на нејзиниот господин.
-Не умира ова старава, веќе! - се жалеше Бартоломе. -Па да, тоа е кога има здравје од челик, проклетничката. Може да поминат години. -Што ми предлагаш Хустина? - праша Бартоломе со желба Хустина да му го предложи тоа, за што тој не се осмелуваше да го направи. -Не предлагам ништо, мој господине. Само велам дека старата мајка, починатата Роса Марија, умре на 102 години.. Тие се од долга животна линија. -Ќе ми помине животот чекајќи! - се пожали Бартоломе. И неговото незадоволство ке продолжи се додека не се умори.
Но, не мораше да чека премногу. Еден јулски ден од 1996 година трагедијата удри уште еднаш на фамилијата Инчаусти: неговиот братучед Карлос Марија почина од една несреќа при размена.

0 коментари: