РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (4 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 4 ДЕЛ -

претходни делови:
ПРВ ДЕЛ 
ВТОР ДЕЛ 

ТРЕТ ДЕЛ

Веста ја уништи старата Амелија. Верна на својот стил да ги сака своите деца само кога ќе умрат. И неочекуваната трагична смрт на својот син ја уништи до болест. Бартоломе беше скоро до славата: смртта на својот роднина, веќе немаше пречки меѓу него и богатството на тетка му, остануваше само да чека старата да му ги префрли парите. Но, се случи нешто сосема неочекувано: неговата тетка, мрачна и болна, касно ја сфати важноста на фамилијата, и го замоли Бартоломе да да ги најде внуката и снаата. Иако не се омажила за нејзиниот син, и не треба да се вклучи во тестаментот, Амелија сакаше да ја поправи неправдата пред да умре. Секако дека Бартоломе и вети дека ќе ги најде, и со голем немир ја известуваше дека сите барања се неуспешни. -Како да ги има проголтано земјата! - се жалеше Бартоломе, со својата најдобра фаца за ситуацијата. - Никакви траги! Потешко е да ги пронајдеш отколку гробар во расадница - обвинуваше Хустина, љубовница на мртовечките метафори. Амалија Инчаусти ги молеше да ги зголемат нивните напори. Им ги да даваше сите пари што му треба за да ги најдат, но парите се разбира беше потрошено на оргинални парфеми и пенливи вина со кои Бартоломе наздравуваше за нивната среќа. Додека пак вината, и тагата ја зголемија сериозноста на болеста од старата. Беше само прашање на денови. - Се оди како што сакаме Џастин (Хустина). Само што зборував со личниот доктор од старата, и кажа дека и остануваат само часови... Денес, најдоцна до утре, старата ќе умре, и милионите ке бидат наши! Деновите поминуваа без новости, додека една ладна бурна ноќ во август нешто ја повлече рутината во куќата. Хустина ги обожуваше бурите, но Бартоломе ги мразеше. Сепак, таа ноќ размислуваше дека една добра бура беше одлична за да се ослободат од старата. 
Беа во кујната, планирајќи што да прават со милионите, кога некој започна да чука. Во тој момент дождот се засили. Кога Хустина ја отвори вратата, се сретна со едно десетгодишно девојче, кое плачеше. Беше Анхелес Инчаусти. И позади неа беше нејзината мајка, Алба, слугинката, вдовицата на Карлос Марија. Жената беше бремена, на прагот пред породување. Со своите последни сили побара помош и се онесвести.
Многу работи поминуваа низ совеста на Хустина, се што се случи таа ноќ кога смртта прелета низ вилата Инчаусти скриена под различни маски. Таа кобна ноќ се случи посакувана, неизбежна, лажна и сигурна смрт. Хустина иако беше бескрупулозна пружи некаков отпор, но се беше одлука на Бартоломе, одлука на нејзиниот господин,н ејзината љубов, нејзината слабост. Десет години! —извика тој во шепот, во ходникот на вториот кат, веднаш до собата каде што ја држеа Алба. - Десет години ја чував оваа проклета старица, со едно копиле од дете а другото ќе се роди за да ми ја земе среќата! Нашата среќа, Џастин! — Но, господине... —Хустина се обиде да противречи. —Тоа е еден живот. Два животи. Три животи, љубов моја, мислам, господине мој! -И од кога толку те интересира животот? - праша Бартоломеј. -Да викнеме доктор, господине - замоли Хустина. Ќе се породи во секој момент! Бартоломе сфати дека ќе мора да послуша за да стане негов соучесник. Тогаш се повлече назад од неа, и и шепна. -Нема да дозволиме никој да ги земе нашите милиони, Џастин. Мисли на убавите егзотични места кои ќе си ги дозволиме... Јас сум на моите триесет! Заслужувам луксузен живот! -Но господине, ќе направиме убиство? -Кој спомна за убиство! Ништо од тоа.. Гледај, кутрата мајка, дојде многу болна. Умре на породување. И бебето, кутра душа, исто така се роди умрено... -А другата? - праша Хустина -Како ќе оди на оној свет? Вие...можете ли да го направите тоа? -Нема потреба ние да го направиме тоа. Работата ќе ја заврши ноќта, зимата, бурата и шумата. И планот успеа. Речиси целосно успеа. Алба умре на породување. Но бебето,малото девојче, преживеа.Тогаш Бартоломе одлучи и таа да биде жртва на ноќта, зимата, бурата и шумата. И отидоа таму во шумата со малата Анхелес и штотуку роденото бебе. Анхелес ја оставија длабоко во дивината. Идејата беше да го остават и бебето на друго место во шумата и двете оддалечени од среќата и Господ. Но Хустина самата кажа дека ќе се погрижи за бебето. Бартоломе и се заблагодари бидејќи тој мрази вакво време. Кога тој и ја соопштува тажната вест, трагедијата за Алба и нејзиното бебе на старата Инчаусти, Хустина го спасуваше бебето од сигурна смрт.

0 коментари: