РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (5 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 5 ДЕЛ -
Ja сокри во скришниот подрум во куќата. Иронично и го даде името Луз која ја криеше во темнината, за да ја спаси од темнината на смртта. Нурната во најдлабока вина и тага, Алба Инчаусти умре истата ноќ кога ја прими веста. И Бартоломе беше сведок, конечно, смрта на неговата тетка. Толку посакувана смрт. Алба Кастиљо беше присилена да умре, срамно, за Хустина и Бартоломе. Предизвиканата смрт. Луз Инчаусти умре без да почине. Тајно преживеа, заштитена од Хустина, но оддалечена од вистината. Лажна смрт. И Анхелес Инчаусти беше оставена да умре во сред ноќ, зима, бура и шума, целосно очајна и осудена на сигурна смрт.
Неколку часа пред тоа оставена во прегратките на ноќта, во зима, бурата и шумата, додека нејзината мајка сеуште беше жива, Анхелес доби подарок. Додека Алба се мачеше во еден чуден кревет, човекот во смешна облека и жената облечена во црно шушкаа во една соба. Анхелес чекаше седната на подот во ходникот. Се обидуваше да не плаче, бидејќи знаеше дека кога нејзините големи небесно сини очи плачеа, цел свет плачеше со нејзе. Секогаш кога Анхелес плачеше, врнеше. Поради тоа правеше големи напори за да не плаче, бидејќи таа ноќ беше премногу тажна. Имаше голема желба да се ослободи од товарот. Да ја плаче смртта на својот татко, болеста на својата мајка, за сиромаштијата во која живееа. Анхелес се бореше за да ја контролира својата тага и чувството на сираче, додека уморот не ја совлада. Но бидејќи местото беше непријатно, не успеа да се наспие и за неколку минути ја разбуди убавиот мирис. Помисли дека е дома и дека мајка и ја готвеше тортата од лимон која многу ја сакаше. Но не, се уште остана во тој темен и застрашувачки ходник, и за то време му се доближи на еден старец. Неговата насмевка и даде едно чуство на смиреност, изгледаше дека е добар човек. И плус, како неговото тело да испушташе нешто како бели светла, светкави, прекрасни. Постариот човек се насмевнуваше. Ја викна по нејзиното име. -Анхелес. Многу е важно секогаш да памтиш која си. Ова ке ти помогне да го запамтиш тоа - и кажа додека и даваше една белегзија со пластични монистра, со еден мал медал, на кој имаше еден чуден симбол. -Чувај ја многу, те молам. Таа му вети и стариот човек си замина на истион начин како што и стигна, во тајност. Анхелес не го познаваше. Како можеше да го знае? Но тој стар човек што и подари белегзија беше Урбино Инчаусти, нејзиниот дедо, кој имаше исчезнато мистериозно, многу порано од таа кога се родила.
Бартоломе беше во својот најдобар момент. Неговата тетка Амалита почина, имаа исчезнато сите наследници, па како што и беше соодветно главниот налседник, беше тој. Тој и неговата сестра, всушност тој. Имаше толкава среќа, што дури и плачеше по цели денови. Дури и беше многу добар, многу нежен со неговата сестра, со неговото синче, и со неговата жена. Хустина со горчливо незадоволство гледаше во таа нежност. Единственото нешто што и ја осветлуваше нејзината темна душа беше што го спаси тоа кревко бебе, и што го крие во подрумот од куќата. Таа заклучи дека е најдобро да ја задржи таму некое време, затоа и почна да го држи во тајност тоа место. Стави греење и почна да го украсува местото. Тоа присвоено мајчинство ги разбуди нејзините најблагородни чувства, и направи повторно да доживее една голема страст: мјузиклите. Подрумот почна да го декорира како малечок театар, еден вид на кафе-концерт. Имаше сцена, имаше црвени завеси, имаше музика, имаше живот. Додека, Бартоломе, речиси заборавен од неговиот верен соучесник, правеше планови за иднината со своето идно богатство. —Правдата е тука, човече. Семејството Бедожа Агуеро пак ќе бидат милионери! — славеше со својата сестра, која веќе почна да троши. Барто мислеше дека неговата нова позиција може да го затопли мразот што го има помеѓу него и неговата сопруга. Неговото венчавање со Орнеља беше грешка, тој ја сакаше, но јасно е дека таа не; и се криеше дури не стане насилник секогаш кога таа ќе ја посочеше можноста за развод.

0 коментари: