РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (6 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 6 ДЕЛ -
претходни делови:
ПРВ ДЕЛ
ВТОР ДЕЛ
ТРЕТ ДЕЛ
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
ПЕТТИ ДЕЛ
Бартоломе беше убеден дека кога на крај ќе се прочита наследството, ќе биде полесно Орнеља да сака еден милионер, и може, на крај, да го живее животот среќно. Но уште еднаш, нешто ги комлицираше неговите планови. Денот кога се читаше составот на тестаментот откри дека Амалита, во своите последни минути од својот живот, имаше додадено клаузула која предвидува дека, од денот на нејзината смрт, десет години подоцна ќе има за да ги пронајде своите наследници. Во одминување на тоа време, нејзиното наследство ќе премине во рацете на нејзините внуци Бартоломе и Малвина Бедожа Агуеро. Бартоломе посака неговата тетка да биде жива, за да може да ја убие. Збеснет, се врати мрачен и да го малтретира своето семејство. Десет години се многу и се многу ризични. Не веруваше дека малата Анхелес ќе преживее, и ако, и светилината на нејзината мала среќа, се беше возможно. Но имаше една трагедија повеќе непосредна која ја чекаа во овие години: беше банкротот. Живееше во една раскошна куќа, во тестаментот нивната тетка им дозволи да продолжат да живеат таму, но немаше ниту цент; но сепак имаше чесен живот и наликуваше на богат човек за одржување. Тогаш најде едно решение. Имаше, исто така, една клаузула во тестаментот во која се предвидени донации, без премногу детали, неколку илјади за сиропатилиште. Сочувствувајќи со несреќата на внуката која и не успеа да ја запознае, Амалија сакаше да се искупи за својата вина со тоа што ќе подари сума во добротворни цели. Тогаш реши да донира добра сума пари на било која институција која ги заштитува децата. Тоа беше жарче надеж кое го забележа Бартоломе. Никако не можеше да прифати некои гадни сирачиња да го трошат “неговото” богатство. Одлучи тој да отвори таква инситуција. Основаше една фондација која ќе им понуди дом и образование на децата сирачиња. Му требаше место каде би ги сместил децата и реши тоа да биде фондација во вилата. Секако требаше и да најде некои деца. Со помош на Хустина и некои врски што ги имаше во полиција ќе најдат деца. Мораше да има судска дозвола, па затоа го поткупи Адолфо Перез Алзаменди, татко на еден другар на неговиот син. Во рекордно време се формираше Фондацијата Бартоломе Бедожа Агуеро, попозната како Фондацијата ББ посветена на грижа за деца сирачиња. Кога беше дозволено да се отвори фондацијата и дојдоа првите деца, Бартоломе доби мал дел од наследството. Доволно за една година богат живот без никакви граници. Но, секако, сега требаше да ги хранат, облекуваат, обучуваат и чуваат тие дечишта. И тоа чинеше пари. Па тогаш Хустина доби идеја: децата да генерираат. Постоеше една стара работилница за играчки. Стариот Урбино Инчаусти, дедото на Анхелес, беше фанатик на играчките и си изградил место каде што ќе се занимава со тоа. Работилницата беше луксузна. Хустина предложи децата да прават фалсификати на играчки кои подоцна ќе ги продаваат на црно. На Бартоломе му се допадна идејата, но бидејќи бизнисот со фалсификатите треба многу за да почне, а парите се трошеа брзо, мораше да најде пиони. Веднаш. Знаеше дека ништо не продава подобро грижа на совест од кутро дете кое проси на улица. Тогаш одлучи да ги прати децата да просат. Кога милостината беше голема, Бартоломе беше среќен. Но кога не беше, ги тераше децата да ја користат способноста која ја научиле на улица: да крадат. Така беше па и Фондацијата ББ си ја најде својата насока. Од надвор, се работеше за една фондација алтруистичка, посветена на чувањето на детсвото. Од внатре, беше едно ладно место, каде децата беа натерани да создаваат кукли, да преколнуваат, и да крадат. Ако некој внимава, може да набљудува, пред да стигне љубовта, една серија на суптилни детали кои го чекаат. Како што нежниот и свеж ветар, што преткажува некаква бура, или како што длабоката темнина ја преткажува зората. Кога ке пристигне љубовта, пред него, како гласник, тогаш пристигнува и магијата. Магијата што создава сретнувања, случајности, правилни места и движења. Магијата која не прави видливи во очите на другиот. На 21 март 2007 година имаше магија во едно место кое беше многу активно. Тој ден започна една приказна што ќе ги промени животите на една група од луѓе, засекогаш.

0 коментари: