РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (9 ДЕЛ)


РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 9 ДЕЛ -

претходни делови:


-Вистина е дека ако не дишеш копривата нема да те изгори? -праша. -Ти се колнам, Хуансито, ти ме виде. -И какво е? -Ти треба само да вдишеш длабоко, да го задржиш воздухот, и да поминеш. Не се плаши, ајде. Хуан го погледна. Тоа беа магични зборови. << Не плаши се>>.
Ако Мели кажува, беше време за да се надмине тоа што го спречуваше да направи одредени работи. Ја поминаа оградата. Сопреа на почетокот на копривите. Се погледнаа. Се насмевнаа. Тие не беа индентични близнаци, беа многу различни, но ако некој ги видеше во тој момент, немаа да се сомневаат: беа вистински браќа! Мели го погледна, му направи гест, и вдишија многу длабоко. Ги затвориа усните, го запреа здувот, и Мели почна да трча. И Хуансито го следеше. Двајцата трчаа неколку метри додека не излегоа на чисто. Таму го испуштија воздухот.-И? -праша Мели сомневајќи се во одговорот. -Тоа е вистина! - извика фасцинирано Хуансито. -Ниту пече, ниту чеша! Како е можно? -Незнам, но вистинито е! Одиме! Повторно земаа воздух, и пак трчаа. И така го поминаа полето со коприви, само запирајќи за да земат воздух и продолжија да трчаат. Да дојдат во куќичката каде што живеат, налетаа на неколку непознати луѓе. Првиот, во дворот на куќата беа маж и жена многу добро облечени. Вториот, мајката на двајцата беше со наведната глава, жалосна скоро плачејќи. Тоа беше многу чудно. И трето, на една маса имаше телевизор. Е тоа беше уште почудно. Немаа време за славење, пред да можат и уста да отворат татко им им рече дека Мели ќе оди со господата и дека ќе го посвои едно семејство во главниот град. Никој не рече ништо. Двајцата браќа само се погледнаа. Нивните срца трепереа истовремено. Јад, болка и бунт. Но со таткото не се расправаше. Таткото се слушаше и им беше страв од него. Хуан знаеше дека не може да преживее без својот брат. Имаа само 7 години и не знаеа да кажат не. Хуан седеше на дното свртен со грб кон вратата низ која излегуваше неговиот брат. Мели му се приближи и рече да одат заедно во градот и таму да се збогуваат. Хуан кимна со главата и молчејќи отиде до автомобилот на господата кои му ја отворија вратата со насмевка и тој влезе. Кога се затвори вратата автомобилот тргна. Хуан беше вознемирен затоа што Мели сеуште не се беше качил во автомобилот. Погледна низ прозорецот и виде дека му мавтаат со голема тага во очите. Богатата жена се сврте кон него и смешкајќи му рече: -Значи те викаат Мели...-Не, мојот брат го викаат Мели. Подобро ќе те викаме по твоето име, поубаво е нели? Се викаш Хосе? Иако имаше само седум години, Хуан сфати што се случуваше. Хосе, близнакот, неговиот брат, кој не се плашеше од ништо, се исплашил. Го исплашила идејата да биде посвоен, да ја остави планината и својата фамилија. И поради страв го пратил него. Сопствениот брат, го предал. Од тој момент неговиот живот се смени засекогаш. Неговата фамилија го дала во замена за телевизор. Црно – бел. И од тој ден таков беше неговиот живот: црно-бел. Неговиот раст го деконцентрираше семејството кое го посвои. Никогаш не се адаптира. Мајката почна да го одбива и деновите во куќата станаа пекол. Додека не избега.

Се шеташе низ градот, за својот живот. Го задржуваше воздухот, како во едно големо поле од коприви. Од предаството на близнакот, својата друга половина, веќе неможеше да верува во никого. Влегуваше во проблеми. Во многу проблеми. Заврши шетајќи се по институти и сиропиталишта. Во тој момент, страшливиот Хуансито се претвори бунтовник. Веќе не се плашеше од ништо. Само од „Ескориал“, сиропиталиште за деца и млади кои се проблематични. Еден грабеж, една улична кавга, полиција и интервенцијата на еден социјален асистент. Но во последен момент се случи нешто. Некој го спаси. Некој го избегна неговото преместување во „Ескориал“. И го однесоа во една фондација, Фондацијата ББ. Неговиот инстинкт велеше дека овој човек со кадрици и лажна насмевка е полош од полето со коприви. Имаше 11 години, Многу огорченост и омраза во него кога дојде во фондацијата ББ. Таму запосна русокосо момче со тажни оче кое се викаше Рамиро, кој ќе стане, со време, негов брат, таа половина што ја изгуби дента, кога Мели го предаде.

—Животот е тркало, тркалај се со него —секогаш и велеше мајка и. Или можеби го рече еднаш, но на Јасмин и остана врежано. Таа не разбираше што сакаше мајка и да каже. Сеуште не можеше да мисли во метафори, затоа животот го замислуваше како тркало од автомобил. Оваа фраза која мајка и ја повторуваше беше една од повеќето кои не и влегуваа во главата, но ја прифаќаше. Не можеше да ги разбере сите тие ритуали и традиции кое ги зачувало нејзиното семејство. На секое нејзино прашање имаше еден единствен одговор: —Зошто треба на имаме марами на главите? — Затоа што сме цигани. —Зошто го правиме тоа на дланките? — Затоа што сме цигани. Зошто дедото изгледа како да плаче додека се смее? — Затоа што е циган. — Зошто неможам да си играм со тие девојчиња? Зошто ми се смеат на училиште? Зошто морам да танцувам вака? — Затоа што сме цигани. —Зошто татко ми и чичко ми се караат толку? Зошто имаат ножеви? Зошто викаат и ги забодуваат во дрвената маса? — Затоа што сме цигани. Да се биде циган објаснуваше сѐ. И без да знае зошто се чуствуваше горда на тоа што е циганка. Не знаеше што значи да се биде циганка, но нејзината мајка го кажувала со гордост како и нејзиниот татко. Нејзините баба и дедо, тетки и тетини и братучеди викаа и пееа со гордост! Ние сме цигани! Сите ракоплескаа кога таа играше фламенко, навиваа додека потпетиците тропаа на масата, мирисот на рози, и таа светло-розе свила, и тој глас, тоа пеење што личеше на плач. Ние сме цигани. Со гордост.
Да се биде циган е сѐ во еден свет на цигани. Да се биде циган е ништо во христијанскиот свет. Јасмин полнеше 7 години. Беше еден врнежлив ден, па не можеа да излезат. Нејзината мајка почна да ракоплеска. Па играа и пееја во нејзината соба. Нејзиниот татко и подари видео камера. Нејзината мајка снимаше додека таа играше и пееше. 

Доаѓаш зажалена, доаѓаш барајќи прошка ... Кажувајќи дека ме сакаш, дека бев твојата прва љубов.
Наеднаж нкој свика. Зошто викаат? Зашто сме цигани. Повеќе викотници. Насмевката исчезна од нејзината мајка. Страв во нејзините очи. Нејзината мајка ја скри под креветот и ја натера да и вети дека нема да излезе. Од нејзиното скривалиште, таа ги виде чевлите на нејзиниот татко, чевлите на некој друг човек. Мирис на цигари. Повеќе викотници. Си ги затвори ушите. Слушна едно растргнато викање. Нејзиниот татко падна. Нејзината мајка исто така падна. Крв. Болка. Човекот ја изгасна цигарата на подот. И си замина. Сите плачеа и викаа, жалејќи го погребувањето на нејзините родители. Многу ветувања, преколнувања и молитви. Многу стари жени облечени во црно, многу осаменост. Таа тогаш мораше да отиде да живее со друго племе. Племето на Хосело? И зошто? Зашто сме цигани. Хосело е суров. Насилен е. Хосело е лош. Еден судија дојде да ја бара и, и рекоа дека ќе ја однесат да живее на друго место, дека Хосело нема да може ништо да и направи. Ја однесоа да живее во една куќа, фондацијата ББ. Таму нема да ја остават да ги пее своите песни. Ни да ја користи својата облека? Зошто? Зашто не се цигани. Таму живее едно момче, едно момче многу сериозно и многу тажно, со него е и неговата помала сестричка. Таму исто така живее едно плаво момче, со долга кадрава коса, секогаш е налутен и превентивен. Но исто така и е прекрасен. Се вика Хуан, но сите го викаат Тачо. Тој ја гледа, ја гледа многу. И, и вели дека сака да и биде другар. Но таа вели не? Зошто? Зашто тој не е циган. Таа знае дека имаше денови кога се беше само ракоплескање, музика и фламенко. Но потоа имаше еден ден на 1, и после само жалост и несреќа. Но исто така знае дека еден ден сѐ повторно ке стане само ракоплескање и музика, зашто животот е едно тркало, а таа се тркала заедно со него.

0 коментари: