РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (18 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 18 ДЕЛ -

претходни делови


Хустина повторно ја врати Маријанела во својата соба, кажувајќи и секаков вид на закани, правила, во случај да сака повторно да побегне; но остана нема кога го виде Рамиро, кој и даваше чаша вода на Јасмин. -Јасмин Ромеро! -кажа Хустина со тон кој звучеше како да е среќна што повторно се гледаат, но повеќе беше задоволство, бидејќи со неа имаше некои нерешени работи. Пред неколку години Јасмин стигна во фондацијата, беше едно мало девојче уништено од трагедијата, но гордо. Од денот кога пристигна додека не си отиде, Јасмин беше една бунтовна и борбена циганка. Ако Хустина викаше, таа викаше погласно. Ако Хустина ја тепаше, таа ја тепаше појако, или подоцна, во некој момент и враќаше. Хустина сеуште имаше белег од одбележувањето со игла од Јасмин кога таа ја удри „Што прави Јасмин Ромеро овде?”, прашањето му беше поставено на Рама, но тој не ја ни забележа, тој ја гледаше Маријанела, која се појави од зад Хустина. Хустина инсистираше, и Рама реагираше. Ја најдов на улица. Беше со циганот што ја однесе од овде. Тој ја тепаше. И помогнав да избега и ја доведов. —Рамиро, оди со Љека, Алели и Тачо, треба да се погрижите за ова. —Алели се врати? —праша Рама. — Како дали се врати? Не беше со вас? —Да, но имаше еден проблем во циркусот и мислев дека дошла овде. —Веднаш оди да ја бараш сестра ти! —се загрижи Хустина. Во еден момент, Маријанела помисли дека нејзината грижа е вистинска, но единственото нешто што ја загрижуваше Хустина беше тоа дека девојчето можеби е грабнато од полиција или друга институција непријател на фондацијата, и дека може да одговори на некои од прашањата кои ќе и ги постават. —Да, сега ќе одам —рече Рамиро. —Ти, со мене веднаш! —и нареди Хустина на Јасмин, која го погледна Рама молејќи за помош. Рама и ја зеде раката и ѝ рече смирувачки. —Оди, сѐ ќе биде во ред. Јасмин излезе со Хустина. Кога помина покрај Маријанела се насмевна, но другата само ја погледна, без да и одговори на насмевката. —Ти си новата, нели? Јас сум Рамиро, ме викаат Рама. — Јас сум Маријанела. А ова е собата на девојките, не можеш да бидеш овде —одговори таа. — Вистина —рече тој—. Одам да ја побарам сестра ми. Но залудно ќе ја барам, Алели не е во фондацијата, туку сеуште беше сокриена во еден дел од циркусот, од кој не можеше да излезе, бидејќи човекот од кој крадеше се наоѓаше во близина. Од таму гледаше како човекот и викаше на танчерката затоа што му помогнала на крадец во бегство. А згора на тоа човекот бил потпален од испуштачот на огнови. Бараше објаснување. -Долга историја или кратка историја? -праша Сиело. -Кратка! -извика претприемачот. -Кратката е дека си одам, давам отказ. -Ти неможеш да дадеш отказ, јас веќе те избркав! Ме слушна? Те бркам! -Како сакате –одговори Сиело, и отиде во својот караван. Но претприемачот не беше подготвен за да ја остави да си оди туку така, и ја информираше дека тој караван како и сите што имаа во циркусот и припаѓаше. -Тој караван беше на моите родители и е единственото нешто што ми го осставија. Мој е! -Ништо не е твое. Ниту облеката. Тој караван ќе остане тука! Извади ги твоите валкани чевли од тука, и оди си. Остави неколку селиџии што работеа за него ќе ги следи и се врати во внатрешноста на циркусот. Сиело не беше подготвена да го остави својот караван и беше одлучна да го однесе на сила, но веднаш се запре кога ја најде малечката крадливка која, беше скриена, молеше со прстот на устата да замолчи да не ја предаде. -Те молам, не вели ништо! Помогни ми да избегам... -Издржи, затоа што двете ќе бегаме! -рече Сиело, ставајќи го безбедносниот појас. -Како се викаш? -ја праша додека беа сокриени во караванот. -Алели Ордоњез, и ти? -Сиело Магико. Мило ми е! И ја подаде раката и ја нагази педалата за гас. Селиџиите кои ја нагледуваа не си ни обидоа да и застанат на патот, и Сиело избега од циркусот со својот стар караван, и беше многу среќна. Проклетство, караванот на Сиело, беше повеќе од едно возило; беше пријател, и како добар пријател беше верен. Немаше да ја изневери во ова бегство, и ако беше многу стар.



0 коментари: