РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (22 ДЕЛ)
Кога замина да го побара својот новчаник
за да изваде пари, здогледа дека го нема, но бидејќи не беше недоверлив на
почетокот не помисли дека му ги имаат украдено парите. За тоа време Сиело имаше
дојдено до Алели, на која ја изненади нејзината присустност. -Повторно крадеш
убавице? Алели негираше и за да провери дали е тоа вистина Сиело и го зеде
паричникот што го криеше кај нејзиниот грб. Тој гест иако настрана, беше тоа
што виде Николас, Сиело со паричникот во рацете. Всушност прво ја виде Сиело,
само така стоејќи, и остана вчудоневиден од нејзината убавина, но 2 секунди
подоцна дозна што има во рацете. И покрај нејзината ангелска убавина, таа беше
крадец. И свика --Крадец!
!Овие викотници предизвикаа една добра мешаница. Хустина се вознемири, и со еден потег претходно испробан, нареди враќање. Рама, Љека, Тачо и Алели брзо заминаа од местото.Сите луѓе го гледаа местото од каде што доаѓаа звуците од викотниците на Николас. Сиело немаше време да реагира, виде дека сите ја гледаат неа, а потоа сфати дека паричникот е во нејзината рака. Знаеше дека нема да може да објасни и дека има еден единствен излез: да избега! Тогаш го фрли паричникот на земја и почна да трча околу вилата. И секако, Нико ја следеше. Сиело трчаше очајно кон задниот дел на куќата. Николас трчаше по неа, викајќи, а позади него беа Кристобал и Могли. Сиело беше опкружена од сите страни, единствено можеше да влезе во вилата преку дворот и тоа го направи. Во дворот имаше многу гужва заради забавата. Виде камион од каде излезе една жена, отрча дотаму и се сокри. Николас дојде до вратата и погледна наоколу. Беше бескорисно: Таа го набљудуваше од внатрешноста на камионот, проколнувајќи ја неговата среќа. Најубавиот човек што го видела во својот живот, за неа мисли дека е крадец.
Дојде времето за забавата, а Малвина никаде ја немаше. Бартоломе, кој влегуваше во криза на нервоза, ја забележа Хустина, која штотуку ги однесе децата во своите соби за да се пресоблечат за забавата. Бартоломе и се доближи додека децата си одеа. -Каде е глупавата? -Не знам, господине. Но јас имам две вести за вас. -Не сега. -Но треба веднаш да дознаете. -Што?
-Првата е дека Јазмин Ромеро се врати. Рама ја донесе.
-Види ти. Подоцна ќе ја видам...
-Втората...
-Немам време, Хустина, подоцна ќе зборуваме.
-Но...
-Погрижи се за малите, Тини! Треба да им се плаче само што ќе ги видат! И се оддалечи, без да дозволи Хустина да му каже дека Тијаго се вратил. Тоа ќе остане проблем за некој друг момент, помисли. И отиде да ги подготви децата за забавата, која освен свршувачката имаше уште еден повод за славење. Многу луѓе од високото општество ќе видат дека тој се грижи за сиромашните и ќе му дадат чек. Со оваа цел, децата се претставија пред луѓето со тажни лица и искината облека. Хустина стигна до затворениот двор, каде што сите ја чекаа, дури и Јасмин, и им ги објасни правилата, особено на новата, Маријанела: ќе влегуваат и излегуваат кога таа ќе им нареди, и ќе се смеат со тажни лица.

0 коментари: