РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (24 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 24 ДЕЛ -


И плус имаше нешто што го задржуваше без да може да се спротистави; долу ја чекаше „Најки“. Бартоломе чекореше со Сиело држејќи ја за рака додека се симнуваа по скалите. Тогаш сите замолчеа и батлерот наглас: Пред вас... Малвина Бедожа Агуеро! Поканетите аплаудираа, и додека Сиело се симнуваше по скалите во центарот на салонот го виде Нико, со тој прекрасен костум и слатка маска, успеа да ја гледа со милост. Како можев да се двоумам во врска со свршувањето со таа убавица? -размислуваше Николас додека ја гледаше како се симнува. Сликата потсетуваше на штотуку ископани статуи на римските весталки. Бартоломе веруваше дека ќе ја доведе својата сестра до средината на салонот, каде ќе ја предаде на нејзиниот свршеник. Николас беше занесен од ореолот на убавина која излегуваше од неговата свршеничка. ‘‘Оваа ноќ имаше нешто поразлично во неа’’, рече шокирано. И не грешеше.
Ја зема за рацете, нежни како никогаш, и гледајќи ја во небесните очи кои припаѓат на најсакапата венецуелка, и рече, употребувајќи зборови на кои никогаш не мислел да ги изрече во тој момент: -До денеска не знаев дека толку те сакам -и шепна, и се реши да ја бакне. Во кратките две секунди што му беа потребни на Николас да ги доближи своите усни до усните на Сиело, таа мислеше на неколку работи. Мислеше на тоа да не ја пропушти шансата што и ја даваше животот: бакнеж од најубавиот човек што го имаше видено во нејзиниот живот, и баш за тоа што нема да се повтори. Од друга страна, сфати дека ако ја бакне, мажот веднаш ќе сфати дека се работи за фарса и ќе ја разоткрие. И за на крај, сфати дека ако биде откриена, ќе треба да одговара пред два злочина, крадење на паричник, и користење на друг идентитет. Пред сите тие заклучоци, Сиело го направи тоа што знаеше да го прави: со перфекција да избега преку јажето. Го избегна бакнежот со благ пресврт, и осврнувајќи се кон музиката што свиреше, започна да игра. Реакцијата го изненади Николас, кој магепсано беше понесен од неа, и се заробија во еден танц, бавен и сензуален. На крај, во едно свртување што и го направи Николас, таа нежно се пушти од неговите раце, и избега од првата врата што ја виде. Николас и како Бартоломе се изненадија од оваа реакција, и Николас излезе по неа. Бартоломе тогаш го доби центарот на салата: -Ах, заљубените млади...! Тие се прекрасно луди! -рече повраќајки го вниманието. И ја искористи ситуацијата за своите скриени намери. Извади шамивче и си ги избриша солзите што не постоеја. -Извинете на возбудата, но сестра ми е мојата слаба страна. И ја искористувам можноста кога таа не е тука да ви ја откријам и мојата друга слабост: моите дечиња, моите малечки... Децата од фондацијата ББ! И ѝ покажа со поглед на Хустина да ги пушти да влезат. Тачо, Рама, Јасмин, Љека, Мар и Алели влегоа во собата со тажни насмевки. Гостите беа трогнати од оваа слика или барем глумеа. Ги поттиснаа зборовите и ниските удари на Бартоломе и за неколку минути сите ги отвараа нивните чековни сметки.

0 коментари: