РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (26 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 26 ДЕЛ -
Но Николас имаше јасна идеа за криминал:
криминалецот не го гледаше така, туку како жртва. Не сите криминалци, секако.
Имаше некои кои немаа ништо од жртви, но мислеше дека една девојка мирна и убава, која немаше многу години, сигурно имала потреба да краде паричници. Потоа се обиде да и зборува.
Зошто крадеш? —праша.
И Сиело се сети дека истото прашање и го постави на Алели пред неколку часа. И зад тоа прашање сигурно имаше долго и тешко објаснување, ниту таа не можеше да му раскаже што се случило со краток и искрен одговор. Тогаш одлучи да лаже за да се извлече од проблемот. -Затоа што сум без работа и немам што да јадам. Ова го разнежи Николас, кој беше многу емотивен и скоро што не заплака. И кажа дека работата е достоинство, дека секогаш може да се напредува и цела низа вакви фрази и клишеа. Всушност, не беше ни свесен што кажал, бидејќи беше заслепен од нејзината убавина. И Сиело малку слушаше, предадена целата на неговиот глас. Бартоломе излезе да го бара Николас, кој не се врати на забавата. И се зачуди многу кога го најде во градината зборувајќи со една млада и убава девојка. Тоа значеше опасност да се откаже венчавката и загуба на богатството па затоа веднаш интервенираше.
-Се случува нешто, Бауер? - праша Бартоломе гледајќи ја Сиело.
-Не, не - одговори Бауер одалечувајќи се малку од неа и обидувајќи се да реагира природно.
-Која е оваа девојка?
-Една пријателка - врати бргу доктор Бауер -Пријателка која ми кажува еден голем проблем што го има.
-По ѓаволите, човеку... Значи проблем... Претпоставувам некој огромен проблем, зарем не? Мислам, штом си отиде од твојата свршувачка.
Зборовите <<забава за свршувачка>> и го скршија срцето на Сиело.
-Да, имаш право. Еве сега се враќам - се извини Николас. -Работата е во тоа што мојата пријателка нема работа, а нема ни пари и е во деликатна ситуација.
-Леле, каква неволја! - искажа лажно сожалување Бартоломе. -Но нема зло што трае сто години. Утре изутрина твојата пријателка ќе ги прегледа интернет огласите и ќе најде работа. Или пак сигурно доктор Бауер кој има многу пријателства ќе ти најде нешто - и кажа на девојката.
-Кој е доктор Бауер? - праша Сиело.
-Јас сум доктор Бауер - кажа Николас гледајќи ја во очите зајадливо. -Мојата пријателка е многу вицкаста - се оправда пред Барто.

0 коментари: