ПОД ИСТ ПОКРИВ - ЕПИЗОДА 2: ЕДЕН ПОЧЕТОК



Едно утро во трпезаријата во вилата...
Енрике: Добро утро, мамо.
Софија:  Добро утро, Енрике.
Енрике: Каде се останатите?
Софија: Алберто како и секогаш спие, а Ана доаѓа.
Ана: Добро утро.
Софија: Добро утро, душо. Седни. Какви планови имате за денес?
Енрике: Јас по појадокот одам во фирмата, имам доста работа.
Доаѓа слугинката...
Слугинката: Г-це Ана, ве бара некој.
Ана станува од масата и излегува. Се враќа...
Софија: Кој беше?
Ана: Другарка ми. Извинете ме, морам да одам.
Софија: Зошто?
Ана: Ќе прошетаме малку пред часовите. До гледање.
---
Покрај брегот на морето...
Ана: Ти реков да не ми се јавуваш дома.
Пабло: Имам лоши вести.
Ана: Што се случило?
Пабло: Ана...
Ана: Ме плашиш.
Пабло: Не е ништо страшно. Ќе одам неколку дена во Сан Франциско.
Ана: Во Сан Франциско? Зошто?
Пабло: Поради наследството на татко ми. И мајка ми доаѓа со мене.
Ана: А факултетот?
Пабло: Не е ништо, само неколку дена.
Ана: Те сакам.
---
Во фирмата... Некој чука на вратата во канцеларијата на Енрике.
Енрике: Да?
Исабел: Г-дине ве бара некој.
Енрике: Кој?
Исабел: Незнам. Не се претстави.
Енрике: Во ред, нека влезе.
---
Софија оди во собата на Артуро.
Софија: Артуро, станувај. Време е... Каде ли отишол? (му ѕвони) Артуро, каде си?
Артуро:  Излегов, со пријателите.
Софија: Зошто не кажа дека излегуваш?
Артуро: Немаше никој... никого не видов.
Софија: Ах, што си ти. Во ред, те чекам дома.
---
Човекот: Добар ден, г-дине Енрике.
Енрике: Добар ден. А кој сте вие?
Човекот: Некој си од твојот живот. Твоето минато.
Енрике: Франческо?
Франческо: Како ме препозна?
Енрике: Ги знам твоите досетки. Знам што мислиш.

0 коментари: