ДВА СВЕТА - ЕПИЗОДА 6: ЗАЈДИСОНЦЕ
ЕПИЗОДА 6: ЗАЈДИСОНЦЕ
Оff: Јасмин
Од претходната епизода:
Нико: Тогаш ти
нудам работа!Сиело: А? Знам дека сакате да ми помогнете, но не ми е потребна Вашата помош.
Нико: Но ти ветувам подобар свет. Подобар живот. Барем вети ми дека ќе размислиш.
---
Нико: Ќе дојде една девојка, која сака да се вработи во вилата.
Барто и Хустина: Да се вработи?!
Нико: Нема никаков проблем, нели?
Хустина: Секако дека има...
Барто: НЕ! Нема никаков проблем.
---
Јасмин: Здраво. Јасмин, мило ми е.
Тачо: А...јас сум Хуан Моралес...Тачо.
Јасмин: Глумиш во претставата?
---
Јасмин: Извини за бакнежот.
Тачо: Сеедно. Ти ако не го стореше тоа, јас ќе го сторев.
Јасмин: Ајјј... колку си безобразен.
Тачо: Тоа е безобразно? (ја бакнува) Ова е безобразно.
---
Off: На прашањето “Што би направиле ако дознаете дека светот се завршува?” Мислам дека повеќето би одговориле “Ќе излезам надвор, трчајќи и би го направил она што од секоагш сум го сакал. Но ако помислиме подобро, она што би го направиле е да побараме извинување”.
Утро...
Нико: Добро утро, Барто!
Барто: Добро утро, архиелогу! Масата е подготвена. Ќе седнеме?
Седнуваат Нико, Малвина и Барто.
Барто: Тиниии!!!
Хустина: Да, господине.
Барто: Три чаја, те молам.
Хустина: Секако, господине.
Нико: Барто, ако немаш никаков проблем денес ќе дојде слугинката.
Малвина: Каква слугинка?
Нико: Една девојка сака да се вработи.
Барто: А... секако... нема никаков проблем.
Малвина: А што ќе прави?
---
Тачо и Јасмин пристигнуваат пред фондацијата...
Тачо: Стигнавме!
Јасмин: Фондацијата ББ?
Тачо: Ја познаваш?
Јасмин: Тачо, да се вратиме. Бргу!
Тачо: Почекај. Зошто?
Јасмин: Ајде, одиме!
Седнуваат на една клупа...
Тачо: Што е? Зошто бегаш од вилата?
Јасмин: Јас бев таму.
Тачо: Што? Кога?
Јасмин: Како мала. Ме однесоа.
Тачо: И? Зошто избега?
Јасмин: Не избегав. Ме тепаа, а јас им враќав. Тогаш, ме зеде Хосело.
Тачо: А кој е Хосело?
Јасмин: Вујко ми. Ме тера да работам.
Тачо: А што правиш во театарот?
Јасмин: Бегам од Хосело, и одам таму. Го сакам театарот.
Тачо: И јас исто. Бегам од Барто и Тина.
Јасмин: Сеуште се тие во вилата?
Тачо: Секако, кој друг? Ќе се вратиме во вилата?
Јасмин: Незнам...
Тачо: Ајде! Нема ништо да ти направат.
Пристигнуваат во вилата...
Хустина: Јасмин Ромеро!!! Што бараш ти тука?
Тачо: Тина, ќе може ли да остане?
Хустина: Таа циганка?
Јасмин: Ееј! Не ме навредувај! Знаеш на што сум спремна!!!
Барто: Што се случува?
Хустина: Господине, Јасмин Ромеро сака да остане тука.
Барто: Навистина? Изгледа си ја научила лекцијата. Нека остане.
Хустина: Но господине...
Барто: Ништо. Однеси ја во собата.
---
Приквечер... Тачо влегува во собата на девојките...
Тачо: Сакаш да излеземе?
Јасмин: Хееј. Како така влегуваш?
Тачо: Кој ќе ми забрани да те видам?
Јасмин: Види го. А каде одиме?
Тачо: Дојди, зајдисонцето не чека.
Седнуваат на една ливада, гледајќи со зајдисонцето гушнати.
Тачо: Веруваш во магии?
Јасмин: Секогаш.
Off: Каењата ја имаат носталгијата на зајдисонцето, завршува денот, и сѐ што си направил веќе неможеш да го сториш, и сѐ што си направил неможеш да го смениш.

0 коментари: