ДВА СВЕТА - ЕПИЗОДА 7: КОНКУРЕНЦИЈА
ЕПИЗОДА 7: КОНКУРЕНЦИЈА
Оff: Рама
Од претходната епизода:
Тачо:
Стигнавме!
Јасмин: Фондацијата ББ?
Тачо: Ја познаваш?
Јасмин: Тачо, да се вратиме. Бргу!
---
Тачо:
Што е? Зошто бегаш од вилата?
Јасмин: Јас бев таму.
---
Тачо:
А кој е Хосело?
Јасмин: Вујко ми. Ме тера да работам.
Тачо: А што правиш во театарот?
Јасмин: Бегам од Хосело, и одам таму. Го сакам театарот.
Тачо: И јас исто. Бегам од Барто и Тина.
---
Тачо:
Тина, ќе може ли да остане?
Хустина: Таа циганка?
Јасмин: Ееј! Не ме навредувај! Знаеш на што сум спремна!!!
---
Седнуваат
на една ливада, гледајќи со зајдисонцето гушнати.
Тачо: Веруваш во магии?
Јасмин: Секогаш.
---
Off: Понекогаш одиш низ животот верувајќи дека си буден, и тогаш се случува
нешто неочекувано, нешто што ќе те потресе, нешто што ќе те разбуди.
Дечките доручкуваат во трпезаријата со Хустина. Влегува Тијаго...
Тијаго: Добро утро! Тина, може да разговарам со Маријанела?
Хустина: Секако. Зошто?
Тијаго: Не е важно.
Мар и Тијаго излегуваат.
Хустина: Каква врска има Тијаго со Маријанегра? (останатите молчат) Значи,
така... само ако има нешто, ќе платите. (излегува)
---
Тијаго: Може да разговараме?
Мар: Зависи за што. (ѕвони ѕвончето)
Тијаго: Извини. Почекај. (ја отвора вратата) Начо!!!
Начо: Што? Зарем очекуваше некој друг, човеку?
Тијаго: Не... туку...
Начо: И која е оваа девојка? Новата слугинка?
Мар: Немој ти на мене...
Начо: Опааа... опасна риба.
Тијаго: Начо, те молам. Таа е во фондацијата. Туку, што е работата?
Начо: Олабави. Не те гледав долго време. Како е во Лондон?
Тијаго: Мар, извини. Ќе разговараме подоцна.
Мар влегува во собата на девојките налутена...
Јасмин: Еееј, полека. Што се случува?
Мар: Ништо. Остави ме.
Јасмин: Сигурна си?
Мар: Ти реков, остави ме. (Рама ги слуша)
---
Повторно ѕвони ѕвончето. Бартоломе отвора...
Бартоломе: Која си ти?
Сиело: Сиело, драго ми е. (пружа рака да се поздрави, Барто одбива)
Бартоломе: Сиело? Која Сиело?
Сиело: Сиело Магико.
Бартоломе: Разбрав речиси сѐ. Изгледа си ја погрешила куќата.
Сиело: Зарем г-динот Николас не е тука?
Бартоломе: Ах, ти си слугинката.
Сиело: Така некако.
Бартоломе: Влези. (влегуваат) Тини, кажи и на девојката што ќе работи. (шепнува
на Хустина) Знаеш како да ја избркаш.
Хустина: Значи, ти си новата... Вака, ќе треба да ја чистиш куќата, горниот и
долниот спрат, ќе правиш доручек, ручек и вечера. Ќе ја средуваш градината,
каде ќе ти помага и старецот... Хаспер. Децата имаат часови, така да нема да им
сметаш.
Сиело: А каде ќе спијам?
Хустина: Ретко ќе спиеш, драга. За тоа ќе решиме.
---
Во библиотеката...
Хустина: Г-дине, а соба за новата?
Барто: Зарем до таму дојдовме? Ти реков да направиш што треба за да ја
избркаме? Треба таа самата да сака да си оди. Така, ние нема да направиме ништо
лошо.
Хустина: Да, секако. И дадов многу работи. Нема да издржи.
Барто: За собата не и спомнувај веќе. Нема да издржи до вечерва.
---
Рама влегува во собата на Тијаго...
Рама: Кој е проблемот со тебе? Мислиш дека имаш пари и....
Тијаго: Што? Тебе те прашувам, кој е проблемот со тебе?
Рама. Самиот знаеш што е.
Тијаго: Молам?
Рама: Што и направи на Мар?
Тијаго: Јас?
Рама: Не прави се идиот. Се врати во собата, плачејќи.
Тијаго: Јас ништо не и направив.
Рама: Слушај, немој да мислиш оти си син на Барто, можеш сѐ. Остави ја Мар. Јас, за разлика од тебе ја
почитувам и сакм. (Влегува Хустина)
Хустина: Рамиро, што правиш овде? Колку пати реков дека горниот кат е забранет
за вас? Маррррш долу!!!
Off: Кога си дете, имаш нешто многу јасно, твојата
омилена играчка, е твоја. Ако видиш некој да ја сака, без да се сомневаш велиш,
моја е. Го браниш со нокти и заби она што е твое, твојата играчка, твоето
место, твојата девојка, но секогаш доаѓа некој да ти го превземе. Може да биде
некоја личност или сеќавањето на друга личност, каде што имаше две, сега има
три, и веќе имаш конкуренција.

0 коментари: