ДВА СВЕТА - ЕПИЗОДА 8: МАЛКУ ПОЧИТ



Од претходната епизода:
Тијаго: Може да разговараме?
Мар: Зависи за што. (ѕвони ѕвончето)
Тијаго: Извини. Почекај. (ја отвора вратата) Начо!!!
---
Тијаго: Мар, извини. Ќе разговараме подоцна.
Мар влегува во собата на девојките налутена...
Јасмин: Еееј, полека. Што се случува?
---
Рама: Кој е проблемот со тебе? Мислиш дека имаш пари и....
Тијаго: Што? Тебе те прашувам, кој е проблемот со тебе?
Рама. Самиот знаеш што е.
---
Off (Хустина): Секако... сите би убиле за љубов, нели е така? Овие фотографии што ги доживуваме, ужасни, се последица на силата на љубовта. Незаменлива сила, која не носи да правиме нешта во животот, кои ни текнало дека можеме да ги направиме. За добро, или лошо, љубовта нѐ менува. Затоа треба да имаме малку почит.
ЕПИЗОДА 8:  МАЛКУ ПОЧИТ

Тијаго: Мар, што се случува?
Мар: Зарем треба нешто да се случува?
Тијаго: Слушнав дека си налутена.
Мар: Ах, вестите брзо се шират.
Тијаго: Има потреба да си налутена? Зарем ти направив нешто?
Мар: Дозволи твојот богат пријател да ме навредува! Ме откачи заради него. А јас глупава, ќе разговарам со тебе. Излези!
Тијаго: Мар...
Мар: Излези, ти реков! (Тијаго си оди, а влегува Сиело)
Сиело: Здраво. Јас сум Сиело.
Мар:  Што сакаш?
Сиело: Не сме се запознале. Но гледам дека плачеш.
Мар: (ги брише солзите) Маријанела. А која си ти?
Сиело: Помошничка во вилата.
Мар: Барто те повика?
Сиело: Најки.
Мар: Кој?
Сиело: А... г-динот Николас.
Мар: Ти изгледа си заљубена.
Сиело: Што? Јас?  (влегува Хустина)
Хустина: Сиелин, што рековме? Треба да ја работиш својата работа, а не да разговараш со... девојката.
Сиело: Во ред, госпоѓо. (излегува)
Хустина: Маријанела, веднаш во училницата.
---
Тачо, Рама, Јасмин, Мар, Љека и Алели се во училницата со Хустина и Барто. Хустина ја отвора тајната врата, позади таблата. Влегуваат.
Хустина: Денес, имаме работа!
Барто: Доаѓа претседателот во вилата, да ги посети нашите малечки. Во таа чест ќе направиме забава, а ќе му понудиме и скапоцена кукла за својата ќерка.
Хустина: Слушнавте, ќе направите копија на куклата од фотографијава. Почнувајте!
Барто: Тини, ако праша архиелогот за децата или пак Сиелин, кажи дека се на час во природа.
Хустина: Да, господине.
---
Во трпезаријата... Влегува Нико.
Нико: Добро утро.
Сиело: Добро утро.
Нико: И, ти се допаѓа новата работа?
Сиело: Не можам да се пожалам.
Нико: Барем ќе бидеме заедно...
Малвина: Најкиии!
Нико: Малвина, добро утро!
Малвина: И, што си муабетевте? Ме оговаравте? Хахаха.
Влегува Бартоломе...
Бартоломе: Сиелин, сакам да се погрижиш за престојната забава.
Малвина: Забава правиме? Во која чест?
Бартоломе: Претседателот доаѓа, глупава. Ти ќе бидеш одговорна за декорацијата.
Нико: Претседателот? А, кога доаѓа?
Бартоломе: Утревечер.

Вечерта...
Тијаго: Мар, извини ако нешто погрешно направив.
Мар: Повторно ти?
Off:  Oх, љубовта... Го скрши моето срце и сега страдам за тебе. Ох, љубовта... Што треба да чувствува едно заљубено момче? Ох, љубовта... Може да ги разбуди најдобрите чувства и најниските страсти. Јас, за мојата љубов, мојот господин, направив ужасни нешта, зло. Силата на љубовта може да те претвори во нешто што не си. Најдобрата и најнаивната личност може да се претвори во лоша личност. Од љубовта исто така може да се роди бесот, од бесот омразата, и од омразата одмаздата.  Го познаваш Стинг? Тој рече:  “љубовта може да ти го поправи животот или да ти го скрши срцето”.


0 коментари: