СЛАТКА ЉУБОВ-ЕПИЗОДА 23

Комесарот го испрашува Лукас, тој кажа дека бил во канцеларијата и ја чекал Ангелес кога Маркос излегол од канцеларијата на Лоренцо, а веднаш по него излегол и Лоренцо. Габи му кажува на Хулоиан дека треба да оди на патување, дека починала некој нејзина другарка од странство. Викторија не ја сваќа големата промена на мајка и во врска со Лоренцо. Емилио разговара со Маркос за свршувачката на Викторија, а тој рече дека тој нема никаква врска со тоа и дека ако срцето на викторија го избрало него тиј нема да менува ништо. Викторија го прашува Лоренцо што направил за да ја добие довербата од Елена. Фреди ја повикув Елена во кујната , додека Наташа се обидува да најде нешто вредно во атељето на мајка и и наоѓа еден прекрасен ѓердан. Лукас носи некакви документи во канцеларијата на Ангелес но таму бепе Бренда и таа сакаше да позборува со него, но тој рече дека е зафатен и дека не сака. Фреди оди да го продаде ѓерданот од Елена за да може да се одолжи. Хулиан го носи Нано во домот на Наташа. Маркос ја носи Викторија на работа и пред таа да излезе од автомобилот тој и честиташе за веридбата и рече дека е очигледно дека Лоренцо не го прифаќа и дека ја сака многу и не сака да и пречи. И и даде отказ. Таа не го прифати отказот. Дон Пепе и кажува на Изабел дека на Флор и се допаѓа внукот на Роса. Лукас и Флор се кај него дома и тој и направи сендвич. Викторија зборува со Ангелес за свршувачката и венчавката и вели дека и е страв. Наташа останува сама со Нано и се труди да направи нешто интересно со него за да не му биде здодевно. Флор му кажува шеги на Лукас за да го развесели и тие се смеат заедно кога Бренда ги виде. Викторија го бара Маркос, и го наоѓа во ходникот во друштво со Ноелиа. Макина и кажува на Изабел дека сака да се ожени со Флор. Наташа ги повикува Хулиан и Елена во кујната и таа заедно со Емилио и Нано им подготвиле претстава. Викторија размисува во својата канцеларија за Маркос. За претсатавата на Наташа, Емилио и Нано им треба ѓердан и на Елена и текна дека има нешто што може да им помогне. Оди во своето атеље и го бара ѓерданот но го нема во кутијата. Викторија разговара со Лоренцо и сака заедно на го одредат датумот на веридбата и на венчавката. Ноелиа и Маркос наздравуваат за негово ослободување и на крај се бакнуваат.

0 коментари: