СЛАТКА ЉУБОВ-ЕПИЗОДА 26
Лукас
ја учи Бренда да јава коњ. Викторија го
повикува Дон Пепе да разговраат во
нејзината канцеларија. Лоренцо му вели
на Макина дека знае што тој видел вечерта.
Пепе влегува во канцеларијата на
Викторија и ја здогледува сликата од
Елена што стои во канцеларијата. Лоренцо
знел дека Макина спие во неговата
канцеларија, дека го пие неговото вински,
и покрај тоа не го отпуштил, Макина му
рече дека не видел ништо и Лоренцо му
рече дека повеќе нема да сипе во
канцеларијата, дека тој ќе му најде стан
и му даде малку пари. Дон Пепе и дава на
Викторија тетратка со рецепти со кои
се прават слатките на Банди и кажа дека
некои од тие рецепти ги смислиле заедно
со Роко, но поголемиот број биле негови.
Макина и кажува на Флор дека Лукас не е
на работо но и дека Бренда не е на работа.
Фреди кажува дека го претепале за да го
ограбат, но по излегувањето на Елена и
Емилио од собата, Наташа ја бара вистината,
дали го претепале заради долгот и тој
и признава. Викторија го повикува Маркос
во канцеларијата по заминувањето на
Дон Пепе. Емилио му кажува на Хулиан
дека не верува во изговорот на Фреди, и
дека Наташа кога е со него е друга
личност. Му кажа дека Наташа имала уште
долгови и за да ги исплати украла ѓердан
од мајка и. Англес го прашува Макина што
зборувале со Лоренцо во канцеларијата,
но тој и зборуваше многу нејасно.
Викторија му кажува на Маркос да му каже
на дон Пепе да не и се доближува повеќе
ниту на неа ниту на фабриката. Бренда и
Лукас се во коњушниците и почнуваат да
се бакнуваат и Бренда му кажува дека
никогаш не водела љубов. Ангелес е
замислена, кога Викторија доаѓа да ја
праша дали сака да биде главен водич за
нејзината венчавка односно се да
организира таа и таа прифаќа. Хулиан
бара од Наташа да му ја каже вистината
за Фреди, но ако таа не сака тој ќе оди
да ги праша него. Елена и се јавува на
Викторија и и кажува дека Фреди е претепан
во обид на грабеж и и вели да се чува и
да не излегува сама. Елена се јавува и
на Бренда за да и каже да се чува но
мобилниот и е исклучен. Бренда го прашува
Лукас за неговите родители, но мислеше
дека не сака да зборува за нив, но тој и
рече дека сака таа да знае се за нив.
Ангелес оди со Маркос да ја подготвуваат
венчавката на Виктроија и Лоренцо.
Викторија му носи на Макина еден рецепт
од Дон Пепе и му вели да го направи токму
тоа што го пишува. Флор оди дома многу
растажена поради Лукас, мајка и ја
прашува што и направил но таа рече дека
тој не сака ништо со неа, дека си е со
неговата девојка, и дека е многу заљубена
во него. Лукас и кажува на Бренда дека
бил напуштен од мајка му кога имал
помалку од 3 години, а татко му починал
пред тој да се роди. Викторија се опушта
во нејзината канцеларија и се потсетува
на вечерта во барот, како играат Мркос,
Луксас, Хулиан и Макина и почнува да се
смее. Маркос ја прашува Ангелес дали се
добри друарки со Викторија, и таа вели
дека се си кажувале, тогаш Маркос и вели
сигурно ти кажала за танцувањето
претходната вечер во барот. Елена се
јавува во домот на Делфи да зборува со
Бренда, ни и кажуваат дека Делфи е на
учиште, а Бренда не е во нивната куќа и
дека ни претходната вечер не била таму.
Елена е многу изнервирана и вика низ
целата куќа и ја прашува Наташа дали
знае каде е Бренда но таа молчи. Лукас
и Бренда водат љубов во коњушниците.
Бренда се враќа дома многу среќна, и
Елена ја виде дека пристигна и оди да
поразговара со неа. Елена ја прашува
каде била и да не ја лаже бидејќи зне
дека не била кај Делфи, Бренда и кажува
дека била со човекот кој го сака и дека
водела љубов за прв пат. Габи се враќа
дома и се кара со Алисија, но таа вели
да размисли за тоа што и го кажал Ернесто
дека сакал да го види својот син, и во
тој момент влегуваат Хулиан и Нано.
Ангелес ја прашува Викторија за забавата
во барот и таа рече дека си поминала
супер.
0 коментари: