Николас Риера (Тачо): "Во иднина можеби пак ќе бидеме заедно како група"

Уживаш во успехот на "Dulce amor"?
-Да. Можам да кажам дека имавме 200 епизоди и продолжуваме до март, се надевам. Ќе разговарам со Кике Естеванез да видам дали продолжуваме (се смее). Среќен сум со мојот лик, има се', помина низ многу нешта.

Кликнете на "Прочитај повеќе" за останатиот дел од интервјуто...



Заврши со групата "Тин Енџелс", но работиш со Рочи Игарзабал, се гледаш сеуште со останатите членови?
Да, се видовме на збогувањето на Гастон Далмау, кој отиде да студира во Њујорк. И разговараме по телефон.

Би сакал ли да продолжите со групата, додека сите имате лични проекти?
Не, не би сакал да продолжиме на половина, би било штета. Мислам дека тоа групата не го заслужува, беше добро, ставивме крај. И сега, кога секој треба да продолжи по својот пат, да порасне и кој знае, во иднина можеби пак ќе бидеме заедно.

Ја сакаш музиката, дали би продолжил како соло пејач?
-Ја сакам музиката и се надевам дека ќе имам можност и простор за да можам тоа да го направам. Киното е она што ми недостасува сега, ми дојде една понуда, но поради малку слободно време што имам, не можам.

Те поврзуваа со Росио Игарзабал, излегуваше со Силвина Ескудеро... исто така си фраер и надвор од сериите!
- Не, ха, ха. Јас сум момче со среќа. Моментално сум сам, уживајќи во животот.

0 коментари: