"Aliados" од април на малите екрани во Аргентина
Овие два месеци малку дознавме за новата серија "Aliados" на Крис Морена, но сепак ги знаеме главните јунаци од серијата која сигурно ќе биде хит.
Можеме да потврдиме дека снимањата започнуваат во март годинава, но пред тоа, на крајот од февруари ќе се направат промо фотографии за серијата со сите актери. Паралелно со снимањата, во март ќе се снима и диск со песни.
Во средината на април серијата ќе се емитува на малите екрани во Аргентина, односно на Телефе. Замислата на продуцентите, како и на Телефе, е да се чека за крајот за моменталните серии кои се емитуваат (Dulce Amor, Mi amor, mi amor, меѓу другите) за да серијата има одличен успех.
0 коментари: