Интервју со "Тин Енџелс" за четвртата сезона на македонски јазик
По повод емитувањето на четвртата сезона на "Ангели" кај нас, во продолжение интервју со членовите од "Тин Енџелс" за четвртата сезона од 2010 година...
Како се чувствувате со почетокот на четвртата сезона, со искуство со кое растете заедно со серијата?
Гастон (Рама): Чувствувам дека научив многу, во секој аспект, како на професионален, така и на приватен план. Имавме голема слобода да пробуваме и сега се чувствуваме посигурни на сцената. Приватно, мислам дека се здобив со сигурност во текот на овие години.
Лали (Мар): Мислам дека има големо растење на професионален план. Пред некој ден, го слушав новиот албум со моето семејство и сите велеа дека не си личиме, дека се гледа промената, во гласовите, во начинот на пеење. И знам дека ќе го кажата истото и за глумењето, бидејќи има многу луѓе кои не' подготвуваа за да денес се чувствуваме дека навистина пораснавме.
Питер (Тијаго): Многу се трудевме. Бевме на часови по пеење, глума, свирење гитара, секогаш бараме нешто повеќе.
Николас (Тачо): Мене, лично, ми се случи тоа што постојано се среќавав со нови предизвици, нешта што никогаш ги немам доживеано и други кои ми се допаѓаат, но не ме чинеа. Од снимање албум до пеење на сцена пред 15 илјади народ, не се нешта кои му се даваат секојдневно на секој тинејџер. И сите беа предизвици, докази.
Еугенија (Јасмин): Мислам дека големата разлика помеѓу почетокот на се' и сега е сигурноста која ја здобивме. Ако гледаме наши видеа од пред четири години и од сега, тоа највеќе се забележува. Тогаш имавме едвај 14 години. Ни служи да ги гледаме тие видеа и да сфатиме кои нешта треба да ги поправиме.
Во овој соживот научивте многу еден од друг...
Лали (Мар): Апсолутно, си помагаме секогаш и сите сме различни, но учиме да го искористиме она што секој од нас го носи. Сега, речиси се чувствуваме како една личност.
Николас (Тачо): Вистината е дека ни се допаѓа да бидеме група. Секогаш се поддржуваме меѓусебно, и ако некој заглави во нешто, другиот го спасува. Се покриваме помеѓу нас.
Питер (Тијаго): Знаеме дека другиот е секогаш до тебе. Ќе биде чудно кога ќе работиме раздвоени.
Лали (Мар): Но недостасува многу за тоа! Одлично е да чувствуваме дека пораснавме заедно со серијата и заедно помеѓу нас.
И публиката растеше со вас и се менуваше, истотака...
Гастон (Рама): Тоа е уште една радост, да гледаме дека секогаш се тука и не' следат.
Како се справувате со популарноста која ја имате овде и во други држави, како Шпанија и Израел, каде што има илјадници фанови?
Лали (Мар): Мислам дека сме малку несвесни за она што донесуваат ваков тип на серии. Но најважната улога ја играат нашите семејства.
Еугенија (Јасмин): Го земаме како дел од она што го работиме сега, бидејќи сите знаеме дека во некој момент ова ќе заврши, не е нешто што ќе го работиме цел живот. Уживаме додека го имаме.
Николас (Тачо): Мислам дека подоцна ќе треба да научиме други начини на успех. Сега го имаме врескањето на тинејџерите, адреналинот и сценариото. Потоа ќе дојдат други, помирни нешта, поразлични.
Лали (Мар): Колку поголем успех имаме, толку помалку можеме да се одмориме и има повеќе за работа.
Гастон: И тоа ќе се види во четвртата сезона. Се' од нашата еволуција.

0 коментари: