Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели?"

23 епизода, 21 јануари 2012
Тера помага на Лука да ја спасат Тефи.
Дечките од "Отпорот" се враќаат во својот дом заедно со Тефи, жива и здрава. Таа ја кажува својата верзија на она што се случило и никој не верува дека Тера ја онесвестила и ја оставила во опасност. 
Валентина се преправа дека се онесвестува за да го привлече вниманието на Рама.
Џони одлучува да не каже на никого за танцувањето на Симон и Мар.
Леон добива повик од Палома, која му предлага средба на место каде што нема ѕид, туку каде што ги одвојува само ограда.
Начо дознава дека датумот на настанот што го организира е порано од закажаното.
Тачо ја дава колевката што ја направи на Мелоди, таа му се заблагодарува. Од друга страна, Тефи е разочарана што никој не и верува и побегнува, оставајќи писмо и земајќи го со себе прасето.

0 коментари: