Гвадалупе Антон (Алели) одговара на прашања за "Aliados"

Гвадалупе Антон (Алели) ќе биде дел од серијата "Aliados", ако може да се верува на наводниот нејзин профил на ask.fm. Во продолжение прочитајте што одговараше таа на прашањата поврзани со серијата...
Кога Лали дозна дека ти се јавиле за "Aliados", ти се јави тебе, што ти рече?
-Ми честиташе, ме советуваше, бидејќи ова е поразлично и бидејќи сум повозрасна, и се договоривме еден ден пред да започне учебната година и снимањата да одиме на ручек и слично.
Ќе го смениш изгледот за серијата?
-Не, само малку ќе ја скратам косата.

Серијата почнува во април? Хулијан Серано ќе биде?
-Да, во април. Што? Кој рече тоа?
Веќе се избрани сите актери за серијата?
-Да.
Како беше средбата со Крис? Што ти кажаа? Кој лик ќе го глумиш?
-Подобро отколку што очекував, многу нешта, совети и сл. Единственото што можам да кажам е дека мојот лик ќе биде од сиромашно семејство.
Започна со промо фотографиите?
-Не, наскоро.
Агустин Сиера (Начо) ќе биде во серијата?
-Да.
Ќе бидеш сестра на Питер Ланзани (Тијаго) во серијата?
-Да.
Знаеш кои се 7-те главни ликови?
-Да.
Го знаеш името на твојот лик?
-Да.
Валентина Зенере (Алаи) ќе биде?
-Да.

0 коментари: