Скандал со наводната радио емисија со Емилија Атиас (Сиело)

Пишувавме дека Емилија Атиас (Сиело/Паз) ќе биде водителка во радио емисија. Сите страници за неа пишуваа. Сите фанови се радуваа. Дојде денот за премиерата на емисијата. Започна емисијата "Re-creo en vos", но без Еми Атиас.

Од радиото Nick, каде што ја даваат емисијата велат дека обожавател на Еми им предложил да направат емисија во нејзина чест, па тие отстапиле термин. Логично е, бидејќи Еми никогаш не зборувала за емисијата.
Од радиото велат: "Оваа емисија беше создадена од еден нејзин обожавател, кој ни ја предложи идејата, а ние му го исполнивме сонот. Напоменуваме дека емисијата е посветена на Емилија Атиас и нејзините обожаватели. Многу се извинуваме, и благодариме уште еднаш."
Подоцна напишаа:
"Се надеваме дека нема да се налутите на нас, но продукцијата одлучи да ја прекине емисијата. Емисијата е прекината на барање на сите вас."

0 коментари: