Уште 3 дена до премиерата на книгата "Издржи"
Уште само три дена до премиерата на книгата "Издржи" на македонски јазик.
Книгата е дело на Крис Морена и Леонардо Калдероне, "виновниците" за успехот на "Ангели", а е составена од "off" текстови, кои во серијата ги има во секоја епизода (оние што ги зборуваат ликовите).
Во меѓувреме, секој ден ќе поставуваме нови промо фотографии (како погоре) со кратки извадоци од книгата.Секоја епизода од телевизиската серија "Ангели" решава една клучна тема, од различни точки на гледање. Деноминираните "off" фрази од серијата се рефлексии, прашања, хипотези за секоја тема и се обидуваат да пронајдат одговор на основните нешта, заеднички за сите.Оваа книга нуди избор на оние текстови што го одбележале секој момент од серијата и е покана за размислување, за прашување и за издржување.

0 коментари: