Уште една екс-актерка од "Ангели" ќе биде дел од "Aliados"

Паула Река, која го глумеше ликот на Луна во третата сезона на "Ангели" ќе биде дел од новата серија на Крис Морена, заедно со Мишел Ноер.
Паула Река и Мишел Ноер ќе бидат пар во "Aliados", а досега се прославија низ повеќе телевизиски серии. Мишел беше дел од серијаѕа "Herederos de una venganza" со ликот на Џакс, а исто така глумеше во "Sos mi vida" со ликот на Херонимо. Роден е на 14 април 1983 година.
Паула по завршувањето на "Ангели" беше дел од повеќе театарски претстави: "La novicia rebelde", "Mamma mia!", меѓу другите. Глумеше заедно со Пабло Ечари и Маријано Торе (Камило) во филмот "Belgrano". Родена е на 10 април 1986 година.
0 коментари: