Македонски страници шират лажни вести за актерите од "Ангели"
Македонски страници шират лажни информации низ Интернет (читај: фејсбук) за актерите од "Ангели", повеќето за групата "Tин Енџелс".
Во продолжение сите нивни лажни информации и вистинските случувања...
наслов на веста: Интервју на Лали Еспосито за ESPANA MAGAZINE
1.Откако објавивте дека “Тин Анџелс“ повторно се враќаат, што ќе се случува помеѓу тебе и Петер, после раскинувањето?
-Навистина незнам и не ме интересира. Се договоривме да бидеме пријатели и се надевам дека ќе немаме проблеми. Единствено што сега ме интересира е да почнеме повторно да живееме како еден тим.
вистина: Групата никогаш не објавила дека се враќа. Лали (Мар) има изјавено дека е во добри односи со Питер (Тијаго) нејзиното екс-момче, но никогаш не изјавила "Се договоривме да бидеме пријатели и се надевам дека ќе немаме проблеми".
2.Што вели на тоа твоето момче Бенџамин ? Познато беше дека токму неговата љубомора беше една од причините поради кои се одлучивте да го растурите бендот.
-Ниту на ова немам одговор.Бенџамин е доволно возрасен и стабилен човек за да разбере дека помеѓу Петер и мене не е возможно да има повторно нешто, и дека постои само пријателство. Ние разговаравме и му дадов до знаење дека сега, кога имам нова шанса повторно да бидам и пеам со своите стари добри пријатели, да се вратам на стариот добар бенд, нема да дозволам никој да се попречи меѓу тоа. Љубомората особено ме иритира и незнам дали ќе сум во состојба да ја трпам уште еднаш.
вистина: Никогаш Лали не зборувала дека нејзиното момче е причина за распаѓањето на групата.
3.Но, во магазините и сликите на папараците се тврди дека вие сте заедно,а како доказ за тоа имаат приложено слики од вас на еден од концертите на Anahi ?
-Точно е дека заедно со Петер бевме на тој концерт. Но она што не се забележува на тие слики е присуството на Гастон, Еуге и Нико..Со нас беше и свршеникот на Еуге..уживавме во прекрасниот концерт..Не гледам причина за нови трачеви..
вистина: Фотографиите, најверојатно се од Гран Рекс, каде што Питер и Лали се поздравуваат или се збогуваат поради распаѓањето на групата. Тешко некогаш целата група заедно да биле на ист концерт.
4.Никогаш досега не прозборе за причините поради кои ја прекинавте врската со Петер?
-Откако Еуге замина, се беше испобркано..некако, како да ни фалеше некој дел од инспирацијата..не ги пеевме убаво песните, не ни доаѓаѓе некоја мотивација..Заедно со нас, тагуваше и Крис, која цело време се обидуваше да ја разубеди Еуге..Во тој момент на нервоза и разочарување, се запоставивме еден со друг..Крис одлучи да ни даде одмор, се додека во групата не дојде Росио..За време на тој одмор се оддалечивме како никогаш досега. Станавме странци..и сеуште незнам кои беа причините за тоа оддалечување.
вистина: Ниеден член од групата не изјавил дека групата е во проблеми после заминувањето на Еуге (Јасмин). Исто така, Крис не е одговорна за групата, туку за серијата, а и групата не доби одмор после напуштањето на Еуге. Таа ја напушти групата во јануари 2011, а веќе истиот месец групата имаше концерт во Израел со Рочи (Вале).
5.Дали мислиш дека можете повторно да бидете заедно ?
-Сега, Еуге, Нико и Гастон прават се да не смират..ни организираат состаноци, и тоа невидени..ме оставаат во навистина тешка положба..Замислете, пред некој ден, отидов во станот на Еуге бидејќи ме повика имала болки.Целата исплашена и растреперена упаѓам во станот, а таму го гледам Петер, кој исто така излажен, седи и наводно го чека Гастон, кој треба да дојде тука..И двајцата како странци само останавме да гледаме телевизија и чекавме да се вратат. Каква глупа ситуација..едвај некој збор да размениме. Тоа не им е првпат..Сега, кога повторно сме заедно и се здруживме како еден тим, како во старите добри времиња, прават се за да се смириме.Мислам дека токму таа нивна посветеност да не смират го прави Бенџамин љубоморен. Бидејќи тој знае, ако нашиот тим се здружи, ништо неможе да го спречи да го стори тоа што го сака.
вистина: Тотална лага. Гастон е во Њујорк, а Питер и Лали се во најдобар пријателски однос.
6.Дали мислиш дека Петер тебе сеуште те сака ?
-Јас не мислам, туку знам. Истото го чуствувам и јас..јас..што тропнав сега ? (се смее) Ова, мислам..јас и тој се сакаме..сеуште ги имаме тие силни симпатии, кои можеби сега се најсилни од било кога..но да бидеме заедно, не.. Сега во мојот живот постои Бенџамин и неможам туку така да го оставам..Тој беше со мене во моите најтешки моменти , кога групата се распаѓаше и бев во депресија, и сега , бидејќи повторно се чуствувам заљубено во Петер неможе да биде причина да го оставам туку така.
вистина: Во ова нема да поверува ниту 10-годишно дете, освен ако оној што го пишувал ова е на таа возраст. Која позната личност "одлепила" за време на интервју и признала дека има љубовник или нешто слично?
7.Зарем не мислиш, според твојот исказ дека си со Бенџамин само поради тоа што тој бил со тебе во тешките моменти ? И дека темели на вашата врска не се љубовта и сакањето туку поддршката ?
-Тоа многумина пријатели и фанови ми го кажуваат. Навистина незнам што да кажам..како и да е, јас, едвај се воздржувам да не му се приближам на Петер..едвај успевам да не подлгнам на неговите слатки зборови, на неговото тело и лице..неговата насмевка..Бенџамин го знае сето тоа и е љубоморен.Но тој сеуште верува дека може да направи да се вљубам во него, и јас се надевам во тоа, бидејќи уште долго нема да можам да издржам вака.
вистина: Целосна лага. Питер и Лали, како што пишуваше горе, се во добри односи, а не "едвај успевам да не подлгнам на неговите слатки зборови, на неговото тело и лицe".
8.Биди искрена, дали и додека си во врска со Бенџамин имаш направено нешто со Петер ?
-Јас и Петер сме заљубени еден во друг, но, никогаш не би паднала на такво ниво да бидам со друг кога сум во врска..Мислам дека Бенџамин не го заслужува тоа..И секој ден се надевам дека ќе направи нешто со што ќе се заљубам во него исто како и во Петер..навистина несакам да го оставам..но ако продолжи вака и понатаму, подобро речено, ако продолжиме со сила да ја водиме врската, не сум сигурна дали би се воздржала и не би одлетала во прегратките на Петер.
вистина: Зарем Бенџа не чита весници? Особено оние со интервујата на неговата девојка? Лали никогаш не изјавила дека сеуште е заљубена во Питер.
9.Ајде откриј барем ти..Дали се планира петта сезона од Ангели ?
-Петта сезона не..но, составување на бендот и нова светска турнеја да...
вистина: Единствената вистина тука е што нема да има петта сезона, а како би можеле да прават светска турнеја, кога не ни изјавиле дека повторно групата е заедно?
10.Тогаш што правеше целиот тим од Ангели во станот на Крис ?
-Ааа тоа..онака..се состанавме сите..Мислам дека 4 сезони се доволни за крај..Се состанавме и се присетивме на сите смешки позади камерите и лудости. Беше добра ноќ, и плачевме и се смеевме. Како и да е, сите од актерската група на Ангели од сите сезони се сложуваат дека "Teen Angels" бендот ќе направи никогаш да не заборават на Casi Angeles и уште еднаш ни се заблагодарија што се враќаме.
вистина: Никогаш сите актери не биле кај Крис, особено не после завршувањето на серијата и смртта на нејзината ќерка, барем според она што го има во медиумите.
11.Како реагираше Росио ?
-Рочи..како што јас ја викам..тоа е прекрасна девојка..Полна е со разбирање..Секако, прифати..Крис неа ја подготвува за една супер комедија. Сигурна сум дека ќе биде најдобра во таа серија.
вистина: Рочи нема да биде дел од никаква комедија, според нејзините планови за оваа година.
12.Од кога и официјално се враќате на музиката и фановите ?
-Го чекаме породувањето на Еуге, како и завршувањето на Solamente Vos..со душа сите го чекаме тој момент. Крис, дечките од групата, нашите фанови...Верувале или не, секоја вечер се збираме во станот на Еуге, бидејќи нејзе лекарот и забрани да излегува од дома, па ние одиме кај неа..Гастон, Нико, Петер и јас, носиме најразлични јадења, десерти..компонираме песни, гледаме филмови, честопати и преспиваме кај Еуге..таа е толку радосна што не е сама и секогаш не вика..Верувале или не, скоро секоја вечер сме кај неа..
вистина: Еуге нема забрана да излегува од дома, бидејќи снима серија, а и има изјавено дека помалку оди, но никогаш не изјавила дека има забрана. Патем, зарем Еуге нема приватен живот, па секоја вечер да и доаѓаат четири пријатели, покрај нејзината бременост и нејзиното момче?
13.Дали и Бенџамин доаѓа со тебе во станот на Еуге ?
-Не..тој е презафатен со своите проекти..иако, скоро на секој час ми се јавува, што нависитна го разбеснува Петер, па Еуге честопати ми го исклучува телефонот што подоцна е причина за караница со Бенџамин, зошто не сум одговарала на неговите повици..
вистина: Ако се работи за презафатеност, тогаш тоа е Лали, а не Бенџа. Останатото, секако лага.
14.Дај кажи една од насловите на ново компонираните песни.. ?
-Несмеам, жими бога Крис ќе ме убие..па и дечките..секој ден сме во студио..но последнава недела не, Еуге влегува во поголема бременост и наскоро ќе и биде и забрането да пее.
вистина: Не се подготвени нови песни, бидејќи групата е распадната. И како што пишувавме погоре, Крис не е задолжена за групата.
15.Само еден наслов..ајде..
-Па во ред..ама ако ме видите убиена, да знаете дека е поради вас..Првата компонирана песна се вика “Habladurías",(во превод:озборувачка)
вистина: Невистина.
16.И за крај..дали се каеш што ја скрати косата ?
-А вие очигледно не сте информирани..Косата морав да ја скратам само поради "Solamente Vos"...наводно, пократката коса ќе ме направи постара..и што да се прави, морав да одам на фризер и да ја скратам косата..таа ноќ плачев како луда.
вистина: За кратењето на косата Лали има изјавено дека отсекогаш сакала да ја скрати, но Крис не и дозволувала поради снимањето на Ангели. Таа е среќна што ја скрати.
наслов на веста: ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ ГИ СМИРИ TEEN ANGELS И ПОВТОРНО ЈА ВРАТИ ГРУПАТА ВО СВЕТОТ НА МУЗИКАТА.
Епа, верувале или не, невозможното го сторија Cande Vetrano и Victorio D'Alessandro , нам попознати по улогите на Тефи и Лука во Ангели. Тие заедно со Lali се сретнаа на промоцијата на нејзиниот нов проект-Solamente vos, каде што присуствуваше и Emillia Attias, позната како Сиело. Cande и Victorio ја убедувале да поразговара и да се смири со Euge, додека пак Emillia кажувала дека такво нешто не треба да направи, што не е ни чудно, бидејќи несогласувањата започнаа кога изби караница меѓу Emillia и Euge.
вистина: Зарем има нешто да се коментира? Ако се работи за фотографиите кои се објавени на страницата каде што е објавена веста, тогаш се работи за настан на марката "HEY! Mona" (модна куќа на Канде), каде што присуствуваа Канде, Вико, Лали, Еми...
наслов на веста: LALI И EUGE ГИ ПРАЗНАТ ШОПИНГ ЦЕНТРИТЕ СО БЕБЕШКА ОБЛЕКА, TEEN ANGELS СЕ ВРАЌААТ ВО МУЗИЧКИОТ СВЕТ
вистина: Ова веќе е апсурдно. Само прочитајте.
0 коментари: