Интервју со Гастон Далмау (Рама) на македонски јазик
Мини интервју со Гастон Далмау (Рама) во кое тој зборува зошто се одлучил да замине во Њујорк и да ја остави популарноста во Аргентина...
Како дојде до идеја да патуваш во Њујорк?
-Отидов бидејќи сакав да се усовршам. Секако, Лос Анџелес беше во план, но се заљубив во Њујорк и одлучив да почнам да земам часови по глума, музика и пеење.
Бараш некој проект што ќе ги содржи сите горенаведени дејности или сакаш одвоено да се занимаваш со глума и музика?
-Ми се допаѓаат трите. Ја обожавам глумата, но секогаш ќе музицирам. Исто така би сакал да снимам и филм.
Не ти беше страв да отидеш и да ги изгубиш сите понудени работи во Аргентина? Да исчезнеш од сцената е тешко.
-Кога одлучив да заминам сите ме прашуваа зошто си одам, кога тука имам популарност. Но одлучив дека треба да растам, а за да ја завршам мојата цел треба да учам.
Некој сон? Ама од срце...
-Да го правам она што го сакам. И за неколку минутки повторно да се сретнам со мојата баба.
0 коментари: