"Atrapados" наскоро на македонски јазик
"Atrapados" (Заробени) е уште едно дело на Крис Морена.
Се работи за мини серија, со 80 епизоди во времетраење од 2 минути кои претежнп се емитуваат на Интернет и на мобилните телефони. Во главните ликови глумат Бенџамин Рохас и Фелипе Коломбо од "Млади бунтовници". Во серијата глуми и Хаиме Домингез, кој во "Ангели" го глумеше ликот на Хаиме, момчето на Луна.
"Заробени" е приказна за седум личности кои ќе ги испреплетат своите патишта за да ги исполнат своите сонови, без разлика што нивната судбина е запишана, и ќе треба да платат висока цена за да ја променат, но да не останат заробени обидувајќи се.
Гонзало (Бенџамин Рохас) е лидер на рокерска група, составена од Нелсон (Нелсон Гименез) и Хуан (Хаиме Домингез), неговите животни пријатели. Заедно ја делат желбата да создадат песна што ќе ги однесе на врвот.
Соле (Долорес Сармиенто), девојка на Нелсон, работи во барот на Гонза и исто така е дел од групата. На неочекуван начин почнува да добива визии, кои почнуваат да се исполнуваат. По исполнување на една визија, Хуан исчезнува, оставајќи ја групата без тапанар, при што доаѓа Роман (Фелипе Коломбо), братот на Соле.
Уште еден член на групата е Калу (Калу Риверо), екс-девојката на Роман. Таа се заљубува во Гонза, кога тој и посветува песна. Роман станува лут и се обидува повторно да ја освои.
Сепак, судбината лошо си игра со нив кога се појавува Вики (Софија Река), соученичка од основно на Гонза, која ќе се обиде да ја оживее љубовта од детството.
Овие љубовни сплетки ќе ги остават ЗАРОБЕНИ помеѓу лаги и предавства, против кои ќе треба да се борат за да ги пронајдат своите патишта.
"Заробени" наскоро на Ангели Македонија со македонски превод.
0 коментари: