Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 72: Волјата
премиера: 2 април 2013
Додека Рама и Вале разговараат, некој се јавува на чатот на страницата на отпорот, со ник "top gun" и се претставува како Кика. Дечките од "Отпорот" не знаат дали да веруваат на Луз, се плашат да не е замка. Тамара, која веќе знае дека Луз снимала видео каде што признава се', наредува на Рене да спречи каква било инфилтрација во медиумите.
Од друга страна, Алаи страда откако ја слушна вистината од Нина и Кристобал, сака да знае за нејзините биолошки родители. Во "Отпорот" одлучуваат да снимаат нови епизоди за "Семејството Ѕид". Тефи е љубоморна поради обожавателите на Лука и неговата популарност. Тео се буди и се преправа дека е "ресетиран". Единствено сака да го пронајде својот син. Се јавува на Мелоди, која му кажува дека нешто не е во ред со Амадо. Тео се плаши да не му направиле нешто, бидејќи го виде со други деца како гледаат презентација. Кант му објаснува за презентацијата што ја експериментираат со бебињата.
Луз ги наговара Тијаго да одат во скривницата, Тијаго не дозволува, таа го манипулира. Тачо пристигнува, спречува Луз да отиде во скривницата, се обидува да го освести Тијаго. Тамара испраќа ловци во шумата да ти фатат Тијаго и Тачо, ги следат додека се со Луз. Начо, пак, и претставува на Тамара опции за воведниот дел за Олимписките Игри. Луз завршува ранета, поради нападот на "Underground", при што успева да дојде во скривницата.

0 коментари: