Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 73: Каде што патот завршува
премиера: 3 април 2013

Сите почнуваат да мислат каде ќе живеат, веќе во скривницата не можат. Тијаго одлучува да истражи дали сеуште постои местото што го нарекуваа "различното место" со Мар. Оди таму со Мар и тоа станува нивно место за средби. Џони и останатите, го пренесуваат видеото од Луз во живо во "НЕ", а Рене се обидува учениците да не слушаат и го гаси телевизорот.
Тамра успева да ги прекине врските, се прекинуваат врските за ТВ и интернет. Рама, кој беше во контакт преку чат, со некој од друг отпор, останува без конекција. Во тој момент, од другата страна му пишале: "Јас сум Кика".

Тачо и Тијаго се будат, откриваат дека Луз ги предаде и одлучуваат да бегаат пред Луз да се врати и да ги фати. Луз се упатува кон скривницата заедно со ловците, но одеднаш се наоѓа сама во шумата, без ловците, туку со професорот. Ловците што беа со Луз се без ориентација, известуваат дека Луз ја снемало. Професорот и' вели на Луз дека се наоѓаат во друго време, во 2068 година иако се на исто место. Објаснува дека влегла во портал, и оние што не се добредојдени за дечките, отпатуваат во друго време. Од друга страна, Тачо и Тијаго се кријат од ловците во шумата. Мар се обидува да разговара со Тијаго, но тој го исклучува воки-токито за да не го откријат. Ова предизвикува љубомора и бес кај Мар. Начо и Рама контактираат со една девојка што издржува од Израел и откриваат дека низ целиот свет има луѓе во иста ситуација како нив.
Алаи почнува да се грижи за иднината на Луз, се плаши. 
Професорот и покажува на Луз што ќе се случи со "прекрасниот свет" што таа се обидува да го изгради, двајцата гледаат презентација со фотографии. Подоцна, професорот ги повикува сите велејќи им дека се безбедни во скривницата и сите заедно слават..

0 коментари: