Описи за останатите ликови од "Aliados"
Џени Мартинез како Венеција
Нејзиното астрално тело живее на планетата „Ираниалока“ од пред 280 години. Не е од најстарите души, но поминало доволно време на астралната планета за целосно да заборави што е да „чувствува како човек“. Го задржала младото тело од нејзиното последно раѓање. Како и секое астрално суштество, за да стигне до таа фаза потребно било да се роди и да умре стотина пати помеѓу луѓето и животните. Венециа не е целосно осветлено суштество туку е во процес на учење. Во Ираниалока живее во царството на бесконечното уживање на идеи. За секој жител на таа област, тоа што мора да оди на земјата е повеќе напор отколку награда.
Николас Франчеља како Инти
Инти живее на невидлив начин за човечкото око, на страната „оган“ од планетата „Ипсилон Андромеда Бе“. Оваа планета има две страни: една топла како лава и другата толку ладна како глечер (ледник). Суштествата-жители на „Ипсилон Андромеда Бе“ имаат едноставен суптилен устав и затоа полесно им е да земат човечка форма спојувајќи се со душата и телото на кој било човек, една секунда пред да умре. Резултатот е краток „пакт на души“, што трае онолку колку што ќе трае мисијата на земјата.
Лола Моран како Амбар
Сириус е планета со извонредни димензии, населена од суштества со многу мала висина, што живеат во големи простори, каде што доминира природата. Градовите не постојат, никое супериорно суштество не би создало место за да избега, имајќи на дофат таков зелен живот. Амбар е поинаква тинејџерка, немирна, полна со прашања. Ја сака науката, машините, технологијата и се она што нејзината фамилија не направила, ниту пак сакала да направи. Нејзините родители се занимаваат со земјата, дрвјата, птиците и врската на природата со нејзините сонца. Помеѓу малите и мудри суштества Амбар најмногу личи на нејзините примитивни братучеди. Таа е единствената девојка од нејзиниот свет која сака да биде малце повисока, барем педесет сантиметри повеќе од просечната висина на другите. Не е заради што сака да се чувствува супериорна, само би сакала да знае какво е чувството. Амбар секогаш сака да чувствува нови работи.
0 коментари: