Интервју со Нико (Тачо), Гастон (Рама) и Пабло (Симон) на македонски јазик

Интервју на македонски јазик со Николас Риера (Тачо), Гастон Далмау (Рама) и Пабло Мартинез (Симон)...

ПАБЛО МАРТИНЕЗ (СИМОН)
Во која серија или филм би сакал да глумиш?
-Би сакал да бидам гладијатор во "Gladiator", ха ха ха

Која романтична сцена најмногу ти се допадна?
-Сцената од крајот на третата сезона, кога Вале се гушеше и Симон дојде трчајќи, се фрли во водата, ја спаси и се бакнаа.

ГАСТОН ДАЛМАУ (РАМА)
Си замислувал некогаш како работиш друга работа?
-Не, иако понекогаш сум размислувал што би работел, но не, ова е мојата професија.

Би сакал ли да се посветиш целосно на музиката?
-Би сакал да музицирам, да имам свој албум, да одам на турнеи, но тоа не значи дека заборавив на актерството.

НИКОЛАС РИЕРА (ТАЧО)
Се има заљубени или дали би се заљубил во обожавателка?
-Не ги гледам девојките како обожавателки и обични девојки. Никогаш не сум се заљубил во обожавателка, но ако ја познавам како жена, ако е супер, зошто да не? Работата е што обожавателките сакаат да го запознаат Тачо, а не Николас.

Да не беше Тачо, кој друг лик од серијата би сакал да го глумиш?
-Ми се допаѓа многу ликот на Начо, кој исто така го глуми Нердито. Многу е добро и забавно. Но мислам дека секој лик има нешто свое и секој го глуми најдобро својот лик.

Имате сонови за исполнување?
Нико: Многу! Сега започнувам. Максимумот би бил да отидам во Холивуд или да бидам рок ѕвезда. Подостижни сонови се да снимам филм, да работам во театар, да пораснам како актер. Приватно, штотуку започнувам со животот, па сонувам многу нешта. Да создадам семејство, на пример. Но сеуште не е моментот.
Пабло: Исто така многу. Би сакал да продолжам да растам како актер, што е нешто што многу ми се допаѓа и исто така открив дека ми е кул да бидам на сцена. Се надевам дека повторно ќе бидам, макар да не е Гран Рекс. На лично поле би сакал да формирам семејство, да продолжам да музицирам.
Гастон: За среќа, исто така имам многу сонови. Да немав, не би имало смисол да продолжам да се трудам за да успеам. Мојата следна цел е да снимам филм. Од друга страна, би сакал да продолжам да патувам низ светот, да запознам нови култури, држави, луѓе.

Ликовите во серијата патуваат низ времето и постојат и како тинејџери и како 40-годишни личности. Како се замислувате на 40 години?
Нико: Треба да видиме дали ќе стигнам! (се смее) Мислам дека би бил со ист тинејџерски дух како сега. Сите ми го велат тоа, дека имам детски дух. Можеби поодговорен во некои нешта, но мислам дека со истиот дух.
Пабло: Се замислувам... оженет, со семејство, ех...уф! Многу е тешко.
Гастон: Какво прашање! Не можам да се видам утре каде ќе бидам, а не пак на 40 години. Сигурно патувајќи низ светот. Или пак, живеејќи во Њујорк.

0 коментари: