Интервју со Хулијан Серано (Франко)

Хулијан Серано (Франко во 'Aliados') до пред некое време беше уште еден тинејџер. Но во 2009 година се се промени кога отвори "YouTube" канал и започна да прикачува видеа со хумористична содржина направени од самиот тој и кои беа феномен на социјалните мрежи.

За кратко време, собра илјадници обожаватели кои го следат каде и да оди. После речиси четири години, Хулијан станува дел од "Aliados", големиот проект на Крис Морена со кој се враќа во медиумите.


Неговиот лик ќе биде Франко, тинејџер кој не оди во училиште, без работа, без семејство, без љубов, чија единствена школа е улицата. Среќен е само кога танцува, но знае да влезе во проблеми.



Како се чувствуваш пред овој значаен предизвик?
-Многу среќен! Останав со отворена уста кога го видов трејлерот, личеше на филм. Спектакуларно е да се видиш самиот себеси.

Си помислил ли некогаш дека ќе бидеш дел од ваков телевизиски проект?
-Кога бев на училиште, сакав да бидам на ТВ или да глумам во филм, си замислував додека си цртав на часовите. Имав претчуство дека доаѓа нешто големо, но незнаев што ниту кога, никогаш не си го замислував ова.

Како беа првите снимања?
-На почетокот беше тешко. Гледаш три камери, микрофони, многу продуценти позади тебе и бев малку засолнет на почетокот. Потоа добивад самодоверба. После епизодата 6 многу се подобрив.

Како твоите обожавателки ја примија веста дека ќе бидеш на ТВ?
-Многу се среќни, се што правам ги прави среќни, многу ги сакам, да не бееа тие, немаше да бидам тука. Најдоброто се подароците што ми ги праќаат, ха ха.

Што велиш кога те нарекуваат "аргентинскиот Џастин Бибер"? 
-Засега е добро, јас направив едно видео, наречено Џастин Бибер против Хулијан Серано за зафркавање, да ја видам врската. На Џастин му се восхитувам. 

Каков си на приватно поле: во врска или сеуште не? 
-Сега со серијата комплицирано е, тешко. 

Можеби ќе излезе нешто со некоја колешка... 
-(Се смее) Добро се сложуваме, пријатели сме.

0 коментари: