Првата епизода од првата сезона на 'Ангели' раскажана на македонски јазик
Бартоломе
Бедожа Агуеро, сопственикот на “Фондацијата ББ” заедно со Хустина Мерарда
Гарсија посетуваат поправен институт за млади, со цел да најдат деца за
фондацијата.
“Господинот Бартоломе Бедожа Агуеро, добротвор на нашиот институт дојде дури
дотука за да одбере еден од вас”, вели сопственикот на институтот на децата.
Хустина започнува да ги прегледува децата, одбивајќи слаби момчиња и слабо
хранети деца. Во меѓувреме, во друга просторија од институтот една девојка се
кара со момче. Бартоломе ја здогледува и знае дека тоа е таа, избраничката што
ќе ја носи во фондацијата.
“Таа! Таа е нашата девојка!” А таа му одговара: “Кои сте вие?”. “Твоето ново
семејство”, симпатично кажува Бартоломе.
Сопственикот на
институтот се противи, велејќи дека таа е крадец и бунтовничка. “Сите изгубени
овци можат да се вратат во стадото, зарем не?”, Хустина ја правда одлуката на
Бартоломе. “Го знаете г-дин Бартоломе. Тој не ги избира децата со главата, туку
со срцето”, додава.
Девојката која беше избрана од Бартоломе се збогуваше со своите пријатели од институтот и по кратко патување пристигнува во “Фондацијата ББ”, нејзиниот дом.
Девојката која беше избрана од Бартоломе се збогуваше со своите пријатели од институтот и по кратко патување пристигнува во “Фондацијата ББ”, нејзиниот дом.
На некој друг крај од градот во еден циркус, една девојка грациозно танцува. На другата страна, пак, на светот, 30-годишен авантурист се искачува на голема височина, а таму го чека неговиот пријател, чуден човек по име Могли, кој зборува на малку поинаков шпански јазик.
Во “Фондацијата ББ” Хустина ја претставува вилата на Маријанела, или Мар. Ѝ објаснува дека во кујната се влегува само на време за оброк или ако ти е редот да готвиш. Вториот кат е забранет за неа. “Не ризикувај да прекршиш ниту едно правило, јасно?”, ја предупредува. Барто ја ублажува ситуацијата, велејќи дека Хустина, или Тина, или Џастин, како што ја вика иако изгледа лоша, има добра душа и ѝ дава совет за добар соживот: почитувајќи ги другите се почитуваш самиот себеси.
“Како ти беше името?”, ја прашува Бартоломе. “Маријанела”. “Мар”, инстантно и враќа тој. Барто ја подава раката да ја погали по лицето, а таа се потргнува. “Не плаши се, на безбедно си. Те извадивме во ужасот во кој беше”.
Во циркусот, група деца крадат од посетителите, додека тие уживаат во шоуто. Едниот од нив е Рамиро Ордоњез, кој се преправа дека е слеп, со цел да ги ограби присутните. Другиот е Љека, момче кое се преправа дека оди на штаки и малечката Алели, сестра на Рамиро, која беше единствената од групата крадци што уживаше во шоуто на девојката што танцуваше.
Николас Бауер, археолог по професија и неговиот пријател Могли влегуваат во пештера, возбудени дека го пронашле Еудамон. Сонот кој не можел да го исполни таткото на Николас. “Пристигнав, пристигнав!”, вели Николас. “Пристигнавме, стари”, се појавува Кристобал, синот на Николас.
Групата на крадци е откриена од еден посетител и почнуваат да трчаат. Алели се качува на сцената за да избега и добива помош од Сиело Магико, девојката што танцуваше во циркусот.
Хустина продолжува да ја покажува вилата на Мар. На ред е собата за спиење. “Овде кога се спие, само се дише. Ниту еден звук. Ноќта е како смртта – наменета е за одмор”, кажува Хустина, која е опседната со фрази со смртта, гробиштата, темнината и слично. “Што имаш во чантата?” “Ова е мое”, одговара Мар. “Овде нема ништо твое. Овде сѐ е на сите. Овде се споделува, знаеш?”. Се слушаат звуци, Рамиро и Љека врескаат по Хустина. Тие прашуваат за Алели, а Хустина вели дека таа била со нив. Раскажуваат како биле во циркусот и краделе. “Ах! Добра сума?”, вели Хустина.
Маријанела се чувствува неудобно во новиот дом. Седнува на нејзиниот кревет, а од под него излегува едно русокосо момче: “Добредојде!” Таа се исплашува и му удира бокс.
Николас и Могли паѓаат во замка и се заробени, но Кристобал успева да ги ослободи. Николас добива повик: “Јас сум, Малв. Твојата љубов, твојот живот. Добро загрижена сум за три нешта. Прво, не заборавај дека утре има забава во твоја чест. Второ, паничам за твојот лет. И трето, ме сакаш? Ах, да нема да ми одговориш. И не заборавај, ако патуваш во прва класа, одлично е, ако патуваш во економска класа, не јади ништо!”, му остава таа гласовна порака.
Сиело се збогува од двајца кловнови, со кои работи во циркусот и тргнува со својата приколка за циркус во која се искраде Алели.
“Задоволството е мое. Јас сум Тачо. Ти?”, Хуан Моралес, или Тачо како што го викаат, се претставува на новата девојка. “Од каде доаѓаш? Поправен?”, ја прашува. “Oд каде доаѓа, веќе не е важно. Тоа е минато. И минатото се брише кога ја поминувате онаа врата. Важна е иднината. Иднина исполнета со надеж, убавице”, се вмеша Бартоломе. Малвина слегува од вториот кат во фустанот што ќе го носи на утрешната забава. “Не ме гледај Барт, тоа носи лоша среќа”, вели Малвина на својот брат. “Носи лоша среќа ако те види момчето и во венчален фустан, смешна”, и вели тој. Почнуваат да се расправаат. Мар е зачудена. “Лош!” “Глупава!”
“Свршеникот доаѓа?”, ја прашува Барто. “Ах, не го викај свршеник, сеуште не сме свршени”, одговара Малвина. “Драга, тој е твој свршеник. И ако не е ќе најдеш друг. Важно е да се омажиш и да го земеме наследството”.
Сиело дознава
дека Алели е во нејзината приколка и ја прашува зошто краде. “Ќе ме истепаш?”,
прашува Алели. “Ах, зошто да те тепам? Од каде тоа?”, зачудено прашува Сиело. “Возрасните
ги тепаат децата”, одговара Алели. “Да, возрасните, лошите, грдите, но јас не
сум таква”. Алели се насмевнува.
Појадокот е уште едно изненадување за Маријанела. Децата во вилата имаат рутина пред појадокот да кажат: “Благодарам, г-дин Бартоломе”. Малвина доаѓа во трпезаријата и ја запознава новата девојка, мислејќи дека тоа е момче. Доаѓа до расправија. Хустина и дава на Мар лист со правила и таа го зема наопаку. “Не знаеш да читаш, нели?”, ја прашува Рама.
Нико, Могли и Кристобал се во хотел. Хустина ја води Мар во тајна просторија, и и вели дека таму ќе заработи за живот. “Јас ни луда нема да работам”, вели Мар. “Не е работа. Овде децата не работат, тука се кревки, секоја поголема сила и се кршат. Не е работа, канцеларија е. Не е канцеларија, игра е. На која девојка не и се допаѓа да игра со девојки?”, возвраќа Хустина. “Mразам кукли!”, Мар се спротивставува. “Oвде ќе научиш да ги сакаш”, Хустина вели.

Доаѓа Бартоломе и ѝ
вели да започнат со работа на првата кукла. Тој ѝ предлага да избере зелен
фустан, а Мар избира црвен, при што докажува дека не ги препознава боите, а тоа
предизвикува бес кај Хустина. Барто ја смирува. Мар се обидува да го облече
фустано на куклата, но куклата и паѓа на земја. Хустина повторно е бесна.
Бартоломе ветува на Мар дека ќе и најде некоја работа што повеќе ќе и одговара.
Хустина вели дека тоа е чистење на женската соба. Мар излегува, Хустина му
кажува на Бартоломе за исчезнувањето на Алели. Тој вели да ја остави. Доаѓаат
Рама и Љека кои се одлучни да ја најдат, инаку нема да работат. Барто ветува
дека ќе се погрижи за тоа, а тие да започнат со работа.
Тачо, Рама и Љека облечени како улични забавувачи прават шоу пред Фондацијата
ББ, барајќи пари и велејќи дека немаат родители. Танцувајќи, крадат од посетителите. Пристигнуваат
Нико и Кристобал и решаваат да го проследат танцот, а исто така пристигнува и
комбето на Сиело, кое е покварено. Таа решава да го поправи, а Алели оди кон
дечките од Фондацијата. Хустина ја забележува и ја праќа на работа, односно да
краде од посетителите. Таа го краде паричникот на Нико и Сиело го гледа тоа.
Кристобал бара паричка од својот татко да даде на дечките. Сиело разговара со
Алели за стореното и притоа земајќи и го паричникот. Нико забележува дека му го
нема паричникот, а истото се случува со другите посетители. Тој ја здогледува
Сиело и таа него и се гледаат неколку секунди, додека тој го забележува
неговиот паричник во нејзините раце. “Тоа е мојот паричник!”, вели Нико
покажувајќи кон Сиело. Хустина застанува зад него и исто така покажувајќи со
прстот вели: “Таа е крадецот!”. Сиело бега, а Кристобал и Нико ја следат.
Бартоломе, на задниот влез од Фондацијата, го дава фустанот на Малвина на едни момци кои доаѓаат со бел камион. Влегувајќи внатре, го здогледува Хаспер, стариот градинар во вилата. “Земи ја таа лопата и влези внатре! Имам гости!”, му вели Бартоломе.
Сиело бегајќи од Нико влегува во белиот камион. Нико и Кристобал губат трага од неа. Сиело дознава дека Нико има син и си замислува колку добар татко е. Кога решава да излезе од камионот, се враќаат момците, па таа останува заробена таму. Тие се враќаат во вилата, а таа решава да излезе облечена во фустанот на Малвина кој е во камионот.

Хустина во
кујната ја прима големата “торта” од која треба да излезе балерината. Потоа, им
вели на дечките за време на забавата да останат во своите соби. “Ќе останете во
вашите соби, без да правите бучава. Да биде тишина како на гробишта, јасно”, им
вели таа во нејзин стил. Тие се согласуваат, а таа им бара да покажат сѐ што “заработиле”
крадејќи. Таа ги пресметува парите, и
одделува 10% за секој од нив, но одзема поради исчезнувањето на Алели.
Мар влегува, а таа им вели да молчат за крадењето. Хустина наредува на Мар да
готви, но таа и вели дека не знае да готви. Хустина упорно и вели дека треба да
научи. Доаѓа Малвина жалејќи се на Хустина, Хустина излегува а Малвина им вели
на дечките дека досега била добра со нив, но ако и ја уништат забавата, ќе ја
запознаат нејзината вистинска страна. Вртејќи се кон новата, Малвина ја прашува
дали слушнала. Мар молчи. “Повторувам, новата , бунтовна и глува девојка, ме
слушна?!!” и притоа ја фаќа за главата. Мар бесна, зема јајца и ги фрла во
градите на Малвина велејќи ѝ дека неа никој не ја допира. Таа возвраќа со
шлакина, а пак Мар со бокс, по што Малвина паѓа на земја. Не знаејќи што да
прават, ја ставаат Малвина во “тортата” од која треба да излезе балерината.
Во другиот дел од вилата, се одржува забавата каде што сите пристуни се маскирани. Пристига свршеникот Николас Бауер, неговиот син Кристобал и Могли. Барто го претставува Нико пред присутните. Гледајќи кон Могли, Барто му вели дека влезот за слугите е позади. Нико му вели дека тоа е неговиот пријател.
Сиело излегува од камионот во розевиот фустан на Малвина и со маска и притоа Барто ја фаќа за раката, мислејќи дека тоа е Малвина, велејќи и да дојде на забавата.
Бартоломе ја претставува Сиело како Малвина Бедожа Агуеро, свршеницата на Николас. Тие слегуваат по скалите и Нико ѝ се восхитува. Рама и Тачо се зачудени како Малвина излегла од “тортата”, a Алели им вели дека тоа е нејзината пријателка балерината.
Бартоломе и Хустина се загрижени за чудното однесување на “Малвина”. Алели пушта музика и Сиело почнува да танцува, а подоцна Нико и се придружува. Двајцата се бакнуваат.
Мар се обидува да избега од Фондацијата, искористувајќи го метежот на забавата, но се судира во Хаспер и паѓа во фонтаната пред вилата. Се појавува угледно момче кое и поддава рака на Мар, која целата е мокра. “А ти која си?”, ја прашува момчето, кое всушност е Тијаго, синот на Бартоломе Бедожа Агуеро.

0 коментари: