АНГЕЛИ

Ангели е аргентинска серија, претежно наменета за тинејџери. Серијата започна со емитување во Аргентина на 21 март 2007 година, а заврши на 29 ноември 2010 година, со вкупно 579 епизоди од сите четири сезони. Првата сезона имаше 166 епизоди, втората 160, третата 140 и 113 последната.
Како и во другите проекти на Крис Морена, во серијата се формираше музичка група "ТинЕнџелс", составена од Питер Ланзани, Лали Еспосито, Гастон Далмау, Еугенија Суарез и Николас Риера. Во 2011, Суарез ја напушти групата и е заменета со Росио Игарзабал.
По учеството во првите две сезони, Николас Васкез (Николас Бауер) не глумеше во третата сезона, во која главниот лик беше Мариано Торе (Камило Естреља), момчето на Паз Бауер (Емилија Атиас). Во 2010, Емилија Атиас (Сиело/Паз) поради нови понуди, одлучи да не биде дел од четвртата сезона, за која снимаше само некои делови, а исто така и Мариано Торе (Камило) не глумеше во четвртата сезона, па затоа главните улоги во четвртата сезона преминаа кај групата ТинЕнџелс. 
Низ серијата поминаа многу актери, меѓу кои: Кандела Ветрано (Тефи), Росио Игарзабал (Вале), Мариа дел Керо (Мелоди), Пабло Мартинез (Симон), Викторио д'Алесандро (Лука), Паула Река (Луна), Белен Чаване (Нина), Агустин Сиера (Начо), Стефано де Грегорио (Љека), Даниела Аита (Каридад), Хулиан Рубино (Џони) и други.

СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТУВАЊА И ПОЗНАТИ ЅВЕЗДИ 

Серијата бројува голем број на специјални гостувања, меѓу кои најзапаметен е Пето Менахем, кој го толкуваше ликот на Тик Так, Адриана Ферер (Ирма Паз) и Ромина Јан, која го толкуваше ликот на Ариел во третата сезона. Се планираше Ромина да снима само 5 епизоди, но нејзината мајка Крис Морена, ја убеди да остане до крајот на снимањата на третата сезона. Актерот Пето Менахем се "трансформираше" во повеќе познати аргентински ѕвезди, меѓу кои: Mago Jansenson, Ricardo Montaner, Axel Kuschevatzky и Axel Fernando.

ЛОКАЦИИ НА СНИМАЊЕ

Во главно, серијата се снимаше во студиото Пампа, во Буенос Аирес, иако некои сцени се снимани на улиците од истиот град. При крајот на 2008 актерите ги снимаа првите 5 епизоди од третата сезона во Мендоза и Сан Хуан. Исто така, за да ги снимаат последните епизоди од сезоната 2009, екипата отиде во Сан Педро, Буенос Аирес.

РИМЕЈК

Во 2007-та година, Телевиса ги купи правата за Ангели, но досега нема никаква информација за овој проект.
Излезе и трејлер за шпанска верзија на четвртата сезона на Ангели, но други информации нема.

НАГРАДИ И НОМИНАЦИИ

- 2 јули 2008 - награди "Martin Fierro 2008"
најдобра серија за млади - Ангели - номинација
најдобра главна актерка во комедија - Емилија Атиас - номинација
- 10 декември 2008 - награди "Clarin espectaculos 2008"
најдобра музикализација - Ангели - номинација
- 19 август 2009 - награди "Martin Fierro 2008"
најдобра серија за млади - Ангели - победник
најдобар главен актер во комедија - Николас Васкез - номинација
- 30 ноември 2009 - награди " Clarin espectaculos 2009"
најдобра комедија - Ангели - номинација
најдобра обработка за млади - Ангели - номинација
- 2 мај 2010 - награди "Martin Fierro 2009"
најдобра серија за млади - Ангели - победник
- 22 мај 2010 - награди "Martin Fierro 2010"
најдобра серија за млади - Ангели - победник
- 11 октомври 2010 - награди "Kid's choice awards Argentina 2011"
најдобар актер - Николас Риера - номинација
омилена ТВ латинска серија - Ангели - номинација
омилен негативец - Бенџамин Амадео - номинација
телевизиско откритие - Еугенија Суарез - номинација
најдобра актерка - Еугенија Суарез - победник
омилен/а латино пејач/група - ТинЕнџелс - победник
најдобро дело - Крис Морена - победник

TEAM ANGELS
"Team Angels" е програма која започна да се емитува на 20 јуни 2008 година за време на втората сезона од серијата. Се емитува по завршувањето на секоја епизода од Ангели (кај нас не се емитуваше) и трае во просек 5 минути, иако за време на втората сезона имаше седум специјални емисии од еден час, а во третата две.
Во оваа програма се емитуваат интервјуа со актерите и продуцентите, "bloopers", позади сцените, подготовките, реална камера на актерите, видеа од фанови и слично.
На почетокот, програмата ја водеа Хаиме Домингез и Лули Фернандез, додека во 2009, Домингез стана дел од серијата, а Лули одлучи да не биде веќе дел. Затоа се заменети со Каролина Ибара и Гастон Вието.
Во 2010 година за четвртата сезона, програмата е преименувана во "Bonus Track", која ја има истата функција.

ЕЛЕМЕНТИ

-ЕУДАМОН: (грчки: eudaimonia, што значи среќа), исто така наречен островот на среќните деца, островот на среќата или друга димензија, е фиктивен остров од серијата Ангели, и повеќе од физичко место, тој е духовно место.
-МАНДАЛА: Мандалата или круг на заштита, е "магичен круг" формиран од чуварите на Еудамон кои ја штитат Паз. Ако чуварите се повредени, кругот ослабува, правејќи Паз да ги губи своите моќи и да остане беспомошна. Кругот е формиран од два круга, со Паз во средина. Тој е формиран од Есперанза во 2082 година.
-КЛУЧЕВИ: 
втора сезона: 
прв клуч: Јасмин
втор клуч: Тијаго
трет клуч: Тачо
четврт клуч: Рама
петти клуч: Љека
шести клуч: Мар
седми клуч. Салвадор
четврта сезона: 
прв клуч: Начо
втор клуч: Љека
трет клуч: Рама
четврт клуч: Јасмин
петти клуч: Мар
шести клуч: Симон
седми клуч: Валерија

РЕЈТИНГ И ТРАЕЊЕ

прва сезона: од 21 март 2007 до 15 ноември 2007 - рејтинг: 12.0
втора сезона: од 3 април 2008 до 1 декември 2008 - рејтинг: 13.6
трета сезона:  од 20 април 2009 до 3 декември 2009 - рејтинг: 13.9
четврта сезона: од 12 април 210 година до 29 ноември 2010 - рејтинг: 11.6

0 коментари: