Лали Еспосито: Бенха никогаш не ми купил цвеќе


Со само 23 години, но цела деценија работа и искуство, Лали Еспосито успеа да се претвори во една од најдобрите уметници во Аргентина. Освен успехот на професионален план, има и успешен приватен живот. Веќе четири години е во врска со Бенхамин Амадео, со кого се запознаа на снимањата на "Ангели". 

"Бенха е душа. Но, никој од нас не е традиционално романтичен. На пример, никогаш не ми подарил цвеќе. Ниту пак ми донел подароци кога патува, а и јас сум иста. Многу сме опуштени. Не прави типични работи. Може да се случи некој ден да го посетам, а тој готви за двајцата. Друг пат, му побарувам да ми купи нешто што ми недостасува на пат кон мене и ми го донесува и омиленото чоколадо." - вели Лали.

0 коментари: