Карневалска атмосфера во "Los Unicos"

Сјајот и парадата стигнаа и до „Единствените“ кои имаат нова мисија и со многу ритам.

Дрејфус (Џианола) има план за атентат на амабасадорите од неколку земји додека трае карневалот во Гуалгуачу. „Единствените“ треба да го спречат и за тоа се преправаат како дел од парадата. Амбасадорите од Аргентина, Бразил, Уругвај и Парагвај се во опасност иако „Единствените“ се предупредени.
Но операцијата се компликува кога агентите не можат да стигнат до местото, и работите не се одвиваат според планот.

Првите слики покажуваат една сензуална Еугениа Суарез со малку облека, во близина на Николас Кабре. Овие денови актерите случајно беа поврзани сентиментално кога двајцата ги потврдија своите разделби со Начо Виале односно Еугениа Тобал.
Дали се заедно? Вистината е дека не се сами во фикцијата, исто така таму беше и убавата Емилија Атиас у целата екипа од оваа нова сезона.

0 коментари: