РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (15 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 15 ДЕЛ -



-Тргни ги твоите валкани раце од кетерингот, мрсолко! -Девојка сум! -луто одговори Маријанела. -Одвратно детиште! Не те научиле да го почитуваш побогатите од тебе?! Маријанела немаше ништо, освен достоинство. И кога се зборуваше за почит, таа знаеше само едно: неа сите ја почитуваат. Тогаш забележа чинија јајца на масата во кујната. Зеде едно јајце и изнервирана повтори: -Девојка сум! -и со сета сила го скрши од градите на Малвина. Бесна и изненадена од потегот на Маријанела, Малвина со сета сила и удри шлаканица. И одговорот што го доби за оваа шлаканица исто беше рефлексен, ирационален: бокс во лицето што ја онесвести и падна на земја. За момент Маријанела се почувствува горда, но од лицето на Тачо сфати дека е во сериозни проблеми. Маријанела одлучи да не остане во вилата за да ја дочека казната и додека Тачо се обидуваше да ја освести Малвина, си ја зеде валканата и парталава торба и избега. Најбрзо што можеше ја помина напуштената сала и излезе од палатата. Како што имаше напоменато Хустина, вратата веќе беше затворена. Тогаш, без да изгуби ни секунда, со агилност ја прерипна. Постојано погледнуваше наназад, не го погледна цементот што беше пред вратата, се сопна и падна во водата. И одеднаш една рака и помогна да излезе. Тоа беше едно момче на нејзина возраст, можеби една година постар, косата малку подолга, костенлива, со совршена насмевка и две бемки на образот. Тоа беше Тијаго, штотуку пристигнат од аеродромот, кој со глас на каваљер ја праша, додека таа беше мокра и се тресеше: -А ти која си? Маријанела не можеше да се сети на своето име. Само на таа чудна емоција која ја имаше во својот стомак, мешавина на неред со топлина. И мирис кој остана врежан засекогаш: водата од фонтаната беше полна со цвеќиња од јасмин. Така понекогаш функционира промислата: бегајќи од судбината, само налетуваме кон неа. Магијата траеше неколку секунди, но за Мар и Тијаго времето бргу се врати и секундите беа бесконечни. Додека две викотници ги разбуди двајцата од занес. Беше Хустина која, ја виде Маријанела надвор од фондацијата и намокрена, сфати дека беше влажна. Тоа беше нагоден вик. Другиот, повеќе воден и забранет ги изненади, и дозволи да го препознае синот на Бартоломе. Хустина имаше слатка посветеност заради Тијаго, како што таа го нарекуваше; го чуваше од мал, над се откако Орнеља го напушти. Тијаго спрема неа имаше чувства. Од една страна, посебно нежност, од Хустина беше повеќе слично на мајчинското чувство од како беше напуштен од мајка му. Но од друга страна, таа беше десна рака на неговиот татко, која го подржуваше во секоја одлука. -Дете Тијаго! Каква среќа! Татко ти знае дека доаѓаш? Праша како да незнаеше дека младичот не беше добро.
-Не -одговори тој со насмевка, и додаде иронија -Сакав да му приредам изненадување. И толку многу ќе се изненади! -изјави Хустина, прекривајќи ја тензијата. Беше видливо дека нема да биде среќно изненадување за Барт. Помеѓу другите мотиви, затоа што главната причина за отуѓување од Тијаго беше дека не соживуваше со децата од Фондацијата. Да биде блиску, Тијаго можеше да ги забележи активностите таму кои одеа до надвор. Поради таа иста причина Хустина ја зема Маријанела за рамената и ја третираше со една присилена слаткост. Што правиш тука надвор, Марита? -Хустина имаше гадна навика да ги менува имињата на личностите што не ги сакаше. -Доцна е, опасно е да си на улица! Освен тоа зошто си мокра? -Се сопна и падна во фонтаната -објасни Тијаго -Живееш тука? -Ја праша директно Маријанела. Но Хустина веднаш го прекина овој разговор, бидејќи беше опасно Тијаго да се зближи со нив. -Да секако, Маријанела е нова во Фондацијата. Ајде оди, Тијагито, оди да го видиш татко ти. Многу е возбуден заради свршувачката на твојата тетка Малвина. -Малвина се свршила? Денес? Ме изненадува како сите во семејството учествуваме во семејните работи -кажа иронично.

0 коментари: