РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (16 ДЕЛ)


РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 16ДЕЛ -
И повторно ја погледна Маријанела која го гледаше цело време. -Ти бегаше? Се случи ли нешто? Таа сакаше да одговори, но Хустина ја стегна за рамениците и и изнуди лажна насмевка. -Не,не! Зошто да бега кога овде сѐ е фантастично, како да е кралица! Ја пратив да го побара Хаспер, но бидејќи е малку несмасна таа ја прескокна портата наместо да ја отвори! Ајде оди сега Тијагито, оди! -Каде е? -Тијаго ја смени темата. -Каде ќе биде? -Сигурно е во задната градина. -Ќе одам да го поздравам -кажа набрзина и ја погледна Маријанела на таков начин што дополнително го забрза чукањето на срцето на девојката. -Ќе се видиме подоцна. Таа не одговори. Го гледаше како ја заобиколи вилата додека да стигне до задната градина, додека Хустина лажно се смееше и ја држеше за раменици. Само што Тијаго изчезна зад куќата, Хустина се претвори во ѕверка и ја нападна Маријанела. -Значи сакаш да бегаш, неблагодарен стаорецу? Маријанела сакаше да каже нешто, но Хустина замавна со раката. -Гррробна тишина, мрсулке! -викна гласно. Уште еднаш обиди се да избегаш и ќе видиш каде ќе завршиш. И ја зеде раката и насилно ја внесе во куќата, и со гест во кој не го криеше заканувачкиот тон, додаде: —И да не ти текнало повторно да му се приближиш на Тијаго, јасно? Заборави на него! Маријанела ја гледаше без да и одговори. И од изразот на нејзините очи, Хустина разбра дека веќе е доцна: невозможно е Маријанела да заборави на него.

Љека, Рама и Aлели дојдоа во циркусот и лесно се протнаа низ задниот дел. А напред, пред големиот знак на кој пишуваше «магичниот циркус», имаше еден помал на кој пишуваше: «Со специјалнот гостин Воздушната Танчерка». Кога излегоа да крадат заедно, Рама се обидуваше да ја спречи Алели да не танцува. Тој работеше двојно, за него и за неа. Згора на тоа знаеше дека неговата сестричка ги обожаваше циркусите. Затоа Рама успеа да сокрие неколку монети од очите на Хустина и да и купи шеќерна волна. И најде затемнато место од каде можеше да ужива во програмата додека тој и Љека работат. Тројцата се обидуваа да го направат нормален нивниот живот, веќе пет години, во фондацијата ББ. Веќе беа експерти во тоа што го правеа. Тоа што го правеа не го нарекуваа "крадење", туку «работа». Aлели благодарно седна кога Рама и рече дека нема да работи, и дека тој ќе работи наместо неа. И со среќна насмевка им аплаудираше на артистите на сцената. Таа што најмногу и се допадна беше воздушната танчерка, една русокоса акробатка, прекрасна, со огромни сини очи. Aлели фасцинирано гледаше како таа лета фатена на жица, со огромни бели крилја на грбот. Но во тој момент еден дебел човек застана на неколку сантиметри пред неа и виде од заднот џеб зиркаше една прекрасна нараквица, како што ја восхитуваа Хустина. Виде дека добриот Рамиро работеше и претчуствува дека треба да му помогне. Нараквицата беше на поглед и благодарение на тоа, сокоро без да ја остават.

0 коментари: