РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (7 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 7 ДЕЛ -
претходни делови:
Рамиро Ордоњез во едно друго време беше едно среќно дете. Ако постои нешто полошо од тоа никогаш да не ја имаш запознаено среќата, е да ја имаш доживеено, но после да ја изгубиш. Несреќа во сон, среќа за рекламирање, или пак прекумерена среќа. Неговата среќа, беше една скромна среќа, но беше доволна. Причината за неговата среќа беа неговата мајка и нејзините златни кадрици, неговата сестричка, малечката куќа во која живееа, училиштето во кое одеше, покривката која секогаш беше бела, и мирисот на чисто, сите книги кои ги собираше со толкава страст, времето за ужинка, програмата за музика која ја даваа во сабота на телевизија, неговата топла соба и секогаш спастрена, малкуте играчки што ги имаше, но сепак добро зачувани, во киното една сабота во месецот, гледањето секој ден во куќата за инструменти, банката во која неговата мајка ден по ден редеше по една монета и нетрпеливо чекаше, да бидат толку многу што ке достигнат за да си купи една гитара. Едно среќно чекање. Да гледа како расте Алели, неговата сестричка, нејзините први чекори, смеењето на неговата мајка кога малечката почна да го вика Рана, зошто не можеше да го вика Рама. Да патува со неговата мајка во последните седишта од автобусот, пикниците што ги организираше во паркот за него и за неговите другари, попладнињата врнејќи дожд како ги поминува читајќи книги за пирати и странци, за потраги по богаство и за љубов. Сето тоа ја задоволуваше среќата на Рамиро. Но, еден ден на еден неочекуван начин, суптилен како промената на годишните времиња, нешто почна да се менува. Неговата мајка се помалку и помалку се насмевнуваше, и нејзините златни кадрици го губеа сјајот, нејзината покривка веќе не беше толку бела, ни толку чиста, повеќе немаше монети во банката, ни нови книги, исчезна и одењето во кино една сабота во месецот. Гитарата од куќата за инструменти секој пат изгледаше се понедостижна. Неговата среќа стана проѕирна, само му остана насмевката од Алели, која никогаш не ја снема. И со текот на времето, неговата мајка не само што не се насмевнуваше туку сега и плачеше. Мораа да ја остават куќата скромна, топла и чиста. Отидоа да живеат кај една пријателка на мајка им, се чинеше дека секогаш и пречи. Мајка им требаше да патува, ѝ бегаше иднината. И мајката си отиде. Мајка им во почетокот се јавуваше еднаш неделно. Мајка им рече дека ќе им прати монети, некои што вредат повеќе од овие тука. Мајка им кажа дека сите ке одат да живеат на друго место, место каде секогаш е лето. Место каде сите се смејат. Но нивната мајк не се врати. Не им прати монети. И повеќе не им се јавуваше. Пријателката на мајка им беше сѐ повеќе и повеќе лута и многу лошо ја третираше Алели. Еден ден ја истепа. Рамиро почуствува омраза за прв пат во неговиот живот. Таа госпоѓа еден ден ги собра сите заедно и патуваа долго. Беа дури во едно многу нечисто и ладно, каде ги присили да се симнат. Алели имаше само 4 години, и тој само 10. Им рече да чекаат таму. Дека веднаш ќе се врати. И отиде. Но, никогаш не се врати. Дојде ноќ и Рамиро не знаеше како да се врати. И мораа да преживеат удар, да ја истегнат кожата , да го заборават детството и невозможната младост. Меѓу другите работи кои Рамиро ги научи беше и еден нов збор, името од местото каде што се наоѓаа: сиропиталиште.
Една година подоцна сеуште се бореше против очајот, и навечер, тој и неговата сестра бегаа од сиропалиштето за да одат да молат, со надеж дека ќе соберат доволно пари, за да изнајмат некоја куќа во која би можеле да живеат заедно. Со неговите 11 години Рамиро мислеше дека тој сон е можен. Една вечер додека се молеа, им се приближи една жена која беше едно ветување за да си ја повратат изгубената среќа. Им понуди куќа, сигурно детсво, да живеат со други деца, да учат, и да можат да израснат мирно, како што заслужуваат сите деца. Рамиро и Алели пристигнаја во фондацијата ББ, кога Рамиро имаше 11 години, а Алели 5, но после неколку минути од усладеното добредојде на Бартоломе, ветувањето за среќа како да исчезна во воздухот. Набргу сфати дека животот ќе биде скап во фондацијата, ќе мора да си ја платат со молење, создавање играчки, и крадејќи. Му рекоа дека тоа е да работиш, и дека тој е прав маж, и дека е време да почне. Среќата повторно беше кревка, по кревка и од спомен. Но додека Хустина ги носеше до собите, Рамиро виде нешто, што за еден момент, повторно му го донесе сјајот во очите: една гитара.


0 коментари: