Гастон познат и во Њујорк
Во неделата католиците славеа Велигден, па Петтата Авенија во Њујорк беше преполна, во разни бои. Таму некаде, помеѓу толпата луѓе беше и Гастон Далмау, кој е во градот, каде учи англиски. Во Аргентина ќе се врати на почетокот на јуни за подготовките за последните концерти.
Гастон вели дека би сакал по концертите повторно да се врати во Њујорк, бидејќи сака да земе часови по глума, пеење а исто така му се допаѓа кујната, па би сакал да биде водител на некоја гурманска емисија, каде што ќе води некоја сезона за гастрономија или патувања.
Каде и да беше тој, го наоѓаа аргентински фанови и бараа автограми.

0 коментари: