Вие избирате која серија сакате да биде раскажана

Вие избирате која од трите понудени серии ќе биде раскажана на македонски јазик и објавена на страницата. Секој викенд ќе се објавуваат по две епизоди од серијата која ќе има најмалку гласови.
Можете да гласате од десната страна на страницата.  
Кликнете на "Прочитај повеќе" за да ја прочитате содржината на сериите.



- ONCE UPON A TIME - 
Ема Свон (Jennifer Morrison) знае како да се грижи за себе. Таа е 28-годишна девојка, ловец на уцени која сама се снаоѓа откако родителите ја напуштиле. Меѓутоа, кога Хенри (Jared S. Gilmore), синот од кој се откажала пред неколку години ја наоѓа, сѐ се менува. Хенри сега има 10 години и очајно му е потребна помошта на Ема. Тој верува дека Ема доаѓа од друг свет и дека всушност е изгубената ќерка на Снежана (Ginnifer Godwin) и Шармантниот Принц (Josh Dallas). Според неговата книга со бајки, тие ја сокриле за да ја заштитат од клетвата на Злобната Кралица (Lana Parrilla), која засекогаш ги заробила јунаците од бајките и ги довела во нашиот модерен свет.
жанр: фантазија, драма

- OFF THE MAP -
Добредојдовте во "la ciudad de las estrellas" (град на ѕвездите), мал град во јужноамериканската џунгла во која има само една амбуланта со недостаток на персонал и опрема. Тука младата лекарка др. Лили Бренер слетала со колегите Мин Минард и Томи Фулер. Сите овие млади лекари бегаат од своите лично демони, но не се единствените со емоционален товар.
Во оваа драма шест лекари кои го изгубиле својот пат ќе одат до крајот на светот за да се присетат на причините зошто воопшто сакале да станат лекари.
жанр: медицинска драма


- REVENGE -
Во овој град богатството, убавината и статусот ги дефинираат луѓето, но една жена е спремна сѐ да уништи во име на одмазда. Емили Торн (Emily VanCamp) е ново лице во Хемптонс. Се запознала со некои од своите богати соседи, склучила неколку нови пријателства и изгледа како да се вклопила во новиот град. Меѓутоа, има нешто необично околу младата девојка која сама живее во градот на богатите, а вистината е дека Емили не е сосема нова во градот. Всушност, ова некогаш бил нејзин крај, додека не се случило нешто лошо и уништило нејзината фамилија и нивниот углед. Емили е повторно тука, но се врати за да поправи некои неправди на начин кој најдобро го познава - со освета.
жанр: драма, трилер, мистерија





2 comments:

  1. Ja sakam Once upon a time :) inaku mnogu me potsekjate na ova > http://www.youtube.com/watch?v=H2rzbgS0WTk&list=UU1z6lFUhQhuTrFOlXOdxxew&index=44&feature=plcp :D

    ReplyDelete